Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Активист од Хонг Конг доби затворска казна поради горење на кинеско знаме

Активист од Хонг Конг овој четврток беше осуден на затворска казна од 9 месеци поради горење и обезличување на кинеско знаме и знамето на Хонг Конг за време на две одделни демонстрации против комунистичката влада, предизвикувајќи и други интернет корисници да објават записи од своите обезличувања на кинеското знаме, како знак на протест за суровата казна на која бил осуден.

Судот на 7ми февруари оваа година, му пресуди на поборникот за човекови права Koo Sze-yiu за четири обвиненија поврзани со сквернавење на знамето. Набргу потоа, полицијата во Хонг Конг уапси еден нетизен кој на социјалните медиуми објавил фотографија од извалкано кинеско знаме. Максималната казна за сквернавење на знаме е до три години затвор или парична казна во износ од 50.000 хонгконгшки долари (што од прилика би одговарало на 7.000 американски долари).

Koo Sze-yiu е добро познат активист во Хонг Конг кој е критички настроен кон кинеската влада и нејзината историја со човековите права, но кој исто така неколку пати до сега се има борено и за правата на Кина над островите Diaoyu во однос на Јапонија. Обвинувањата против него се однесуваат на два посебни протести: од кои еден се одвивал во јуни 2012 година, каде Koo запалил кинеско знаме пред Канцеларијата за врски на централната народна влада во Хонг Конг, во знак на протест за изрежираното самоубиство на кинескиот дисидент Ли Вангјанг, а другиот на 1ви јануари, каде Koo бил виден веејќи го кинеското знаме обележано со огромен Х врз него заедно со знамето на Хонг Конг на кое биле направени повеќе дупки.

Затворската казна е од политичка природа и имплицира на уништувањето на правната независнот на Хонг Конг од Кина. Многумина ја критикуваа одлуката на судот, верувајќи дека двата случаи се примери за тоа како кинеската влада ја враќа својата врховна власт во Хонг Конг преку заплашување на граѓаните.

Блогерот hkwolf го цитираше судот на САД со цел да нагласи дека криминализацијата на чинот на сквернавење на знамето е против човековите права:

有人說,由於國旗代表國家統一和民族團結,所以不可隨便褻瀆。美國大法官William J. Brennan, Jr.的判詞就是最好的解答:「政府不能僅僅因為一個思想被社會視作冒犯,不能接受,就禁止人們表達這種思想。對此原則,我們不承認有任何例外,即使被冒犯的是我們的國旗。」身為一個自由和獨立的人,我們有擁戴國家的自由,也應該有討厭國家的自由。既然我們有權厭惡國家,當然也應有權用任何不妨礙他人的方法表達對國家的厭惡。單單因為一班愛國人士看不過眼,就剝奪他們表達想法的權利,絕不公道。

Некои би рекле дека националното знаме не треба да се сквернави затоа што знамето претставува национално единство и солидарност. Пресудата на судијата на американскиот врховен суд William J. Brennan, Jr. е најдобриот одговор на овој аргумет: Владата не може да му забрани на народот да изрази идеја која се смета за неприфатлива и неучтива од страна на општеството. Не треба да има било каков исклучок од таквиот принцип, иако овој пат станува збор за сквернавење на националното знаме. Не може да се ограничи слободната волја на луѓето, тие се независни во тој поглед. Ние сме слободни да ја сакаме нашата земја, но исто толку сме слободни и да ја мразиме. Доколку имаме право да ја мразиме нашата земја, треба да уживаме во слободата на изразување на нашето мислење без никакво вмешување на другите. Нема никакво оправдување [за судот] да го одземе правото на изразување на луѓето затоа што на некои патриотски личности не им се допаѓа нашиот став.

За да го изразат своето незадоволство, многу нетизени објавија слики на своите таканаречени „сквернавења“ на кинеското национално знаме. Курск Едвард објави знаме, дизајнирано од страна на корисник на Златниот форум на Хонг Конг минатата година, на неговиот Фејсбук профил и ја покани полицијата да го уапси:

A protest image against the arrest of netizen for flag desecration by Kursk. Permission to use.

Слика објавена на Фејсбук од страна на Курск Едвард.

inmediahk.net го промени својот Фејсбук банер со слика од кинеското знаме не со ѕвезди, туку со ракови, кои во Кина се користат како знак за цензура:

The image of crab stands for censorship in China. inmediahk.net's Facebook page banner.

Слика од рак во Кина е знак за цензура. Преземено од банерот на Фејсбук на inmediahk.net.

Пикњуз ги сподели вестите за затворската казна на Koo Sze-yiu прикажувајќи ја оваа слика, на која пишува „девет месеци затвор за сквернавење на националното знаме“:

PicNews's photo report at its Facebook page.

Сликата на Пикњуз (PicNews) во прилог на репортажата која ја споделија на Фејсбук.

Talk Hong Kong сподели фотографија на искинато кинеско знаме закачено во знак на протест пред кинеската амбасада во Канада. Сликата е објавена од страна на канадски граѓанин:

Talk Hong Kong invites likeminded people to share this image in Facebook.

Talk Hong Kong ги поканува луѓето кои го делат нивното мислење да ја споделат оваа фотографија на нивните Фејсбук профили.

Пешн Тајмс, граѓански медиум, исто така ја објави оваа слика, дизајнирана од страна на Калвин Лан, во склоп на нивната репортажа за апсењето на нетизен за сквернавење на знаме:

The Chinese word replacing the star image means "communism". Image designed by Calvin Lan and published in Passion Times. Permission to use.

Кинескиот збор кој стои на местото на ѕвездата значи „комунизам“. Дизајн на Калвин Лан, објавено во Пешн Тајмс (Passion Times). Искористено со дозвола.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.