Египет: Моментот на триумф

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа Протести во Египет 2011.

Луѓе што го прославуваат и снимаат моментот на прославата на плоштадот Ослободување (Liberation Square)

Почнаа да се појавуваат видео клипови што го прикажуваат историскиот момент кога Мубарак си даде оставка од претседателството на Египет и како луѓето на плоштадот Тахир реагирале на вестите.

Најпрво овој видео клип е прикажан на Citizen Tube на YouTube преку Твитер. Во него, луѓето ја одложуваат прославата додека не завршат со молитвите и тогаш започнуваат со песни и здравици.

Следниот видео клип е од блогот 3Arabawy и тој ја прикажува прославата на плоштадот Ослободување (Libertion Square). Од пред телевизиски сет пред излог на продавница кадешто доаѓаат вестите, до толпа луѓе што скокаат и се гушкаат на плоштадот и веат знамиња, играат, се прегрнуваат и извикуваат:

И на барикадите пред претседателската палата, се прославуваше веста. Личноста зад камерата веројатно се возбудила и го сменила правецот на камерата на средина, па ќе морате да се наведнедете настрана за да видите сѐ:

http://www.youtube.com/watch?v=C-iyA2XGmIE

Ако бројот на запалени екрани од луѓето што држат мобилни уреди е знак, значи дека набргу ќе гледаме повеќе од овие видео клипови со прославувања прикажани на Интернет.

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа Протести во Египет 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.