Eгипет: Во живо од Каиро

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Египет во 2011 година.

Додека илјадници Египќани маршираат од плоштадот Тахир, за да го прекинат 30 годишното владеење на претседателот Хошни Мубарак, светот ги поздравува.

И покрај целосното укинување на интернетот, извештаите продолжуваат да се трупуваат. Еве ја последната селекција од Твитер пораки со 140 знаци-некои од луѓето на местото на случувањата, известуваат во живо од Каиро.

@фустат: Р @aлaa ♻ @џастимејџ: Денес е денот. Никој околу мене не е исплашен, туку само се возбудени и подготвени. #Eгипет #jaн25

@бенсиенен: Да, ви пишувам како Џек Керуак на Ред Бул бидејќи не знам кога ќе можам да ви пишам пак, благодарение на oстрите мерки за комуникација. #Jaн25 #Eгипет


@ЏастАлмира: Моментално кај Ал Џазиира Мубашер. #jaн25 http://yfrog.com/h5z6jfzj

@СултанАлКасеми: Ал Арабиа: Главниот пат кој го поврзува Каиро со Суец е затворен. (Суец е 130 км од Каиро, населеност од 500 000 жители, сведоци на големите протести)

@ноланџазеиира: ОК се враќам на звучните бранови, доста густ ден денес! Војниците запленија камери, лаптопи, телефони. Сега имам Нокиа кирк 1995 но работи #eгипет

@ноланџазеиира: Тогаш маршираа кон плоштадот Либертарион доволно иронично но свртеа десно кон местото каде што се наоѓа музејот на Каиро за испрашување #Eгипет

@ноланџазиира: Командантот рече дека тој знаел дека ние си ја вршиме нашата работа но ја отежнуваме неговата! “Џазиира е проблем” и исто така ни рече да престанеме да известуваме

@шарифкоудоус: Бев претресен на 3 војнички контролни точки и на 5 граѓански контролни точки. Претресување и барајње на лична карта за ги да спречат безбедносните сили да влезат

@шадихамид: Опозициски активист во тахрир: ‘веруваме дека ова е крај’ #jaн25 #eгипет

@шадихамид: Активистичките повикувања и предупредувања: последната шанса на режимот е пред претседателската палата и се користи како изговор за да се нападнат протестирачите #jaн25

@шадихамид: Активистите: поручниците им рекоа дека постојат наредби за пукање но тие беа повлечени, најверојатно поради меѓународниот притисок #jaн25

@aлaa: Не можам да поверувам дека мубарак е толку глуп? пратил 3 силеџии со ножеви во обид да тероризира десетици илјади?!!! #Jaн25

@Абош: #Eгипет! Очите на целиот свет се свртени кон тебе денес! Возбудени што те гледаат како се залагаш за својата слобода и достоинство! Направете не горди! #фeв1

@шадихамид: Извештаи на НДП надвор од Каиро за тоа како силеџиите напаѓаат автобуси во обид да влезат во градот #jaн25

@шарифкоудоус: Уау. Само е 1о часот е наутро а во Тахир веќе има повеќе луѓе отколку што некогаш имам видено. И се повеќе надоаѓаат #Eгипет

@томгара: Интернетот, потоа телефоните, потоа возовите – Мубарак го преобратува напредокот во обратен редослед. Ова ќе заврши и со забранување на грнчарството или на земјоделието. #jaн25

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Египет во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.