Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Eгипет: Дали е војската на страната на народот?

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на  протестите во Египет 2011.

Последователно со масовните протести низ Египет деновиве војската беше распоредена за да го засили ноќниот полициски час. На Твитер вестите беа примени со изненадување, со извештаи дека војската била на страната на народот.

Следново е селекција од Твитер коментарите низ регионот.

@flashboy: Еј Џеј извештај од Александрија вели дека египетската војска одлучува на чија страна ќе бидат, а тоа не е на страната на Мубарак-кој се ракуваше со протестантите.

@news_view Aр Ти @Ударни вести: Eгипетската војска беше распоредена на улиците, но не изгледаше како да преземаат било какви мерки против протестирачите-Ен Би Си Ричард Енгел #Египет#25 јaнуари

@terriaminute: Демонстрантите во Каиро опколија возило на војската, но тие ја бодреа војската http://bit.ly/f6WPYV #jan25 #awesome

@SultanAlQassemi Мора да се види: Еѓипќаните го поздравуваат масовното присуство на војската во центарот на Каиро. #jan25 http://yfrog.com/h4a0rgj

@DannyRamadan: Четири воени возила на мостот Каср ал-Нил и протестирачи качени на нив како бодрат и мавтаат со египетски знамиња. Изгледа мирољубиво. #25 јануари

@ReneeEverett: Луѓето ја бодрат војската на улиците на Каиро.#Египет

@ShahbazWeb: Изгледа како војската да е со револуцијата-да живее треската во Тунис!#Eгипет #Tуниска треска #25 јануари

@shamanyalkhaili Војската им се придружи на протестите!!!

@lishypo: Со други зборови, доколку војската одлучеше да пука во толпата невооружани протестанти, тоа би било пукање со тешко оружје добиено од С.А.Д.

@strangetales Си Ен Ен: Свестски распространетиот полициски час сега на дело во Египет. Никој не го почитува. Никој не го спроведува. Протестантите ја поздравуваат подршката од војската.#25 јануари

Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на  протестите во Египет 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.