Пионерски документарен филм за епидемијата на ХИВ во Русија стана вирален хит на Јутјуб

„Сто луѓе на ден“ стои на снимката на екранот документарецот на влогерот Јуриј Дуд за епидемијата на ХИВ во Русија. Ова било просечниот број на жртви на дневна основа во 2018 година.

Еден од најпопуларните влогери или видео блогери во Русија, Јуриј Дуд, објавил документарен филм што ја опишува ситуацијата со ХИВ/СИДА во Русија. По неговото објавување на 11 февруарри филмот добил скоро 13 милиони гледања.

Со тоа документарецот на Дуд станал едно од најгледаните видеа на Јутјуб во Русија. Неговата појава правовремено укажува на проблем што бара итно решавање.

Русија се соочува со епидемија на ХИВ. До крајот на 2019 г. нејзиното Министерство за здравство проценило дека еден милион, руски граѓани се ХИВ-позитивни, што значи дека синдромот директно влијае на околу еден насто на возрасното население на Русија. Во меѓувреме руската влада молчи. Минатиот ноември социологот Искандер Јасавејев во напис на независниот весник „Новаја газета“ посочи дека

Из миллиона четырехсот тысяч случаев ВИЧ-инфекции, зарегистрированных в нашей стране с 1987 года, более половины — около 750 тысяч — зарегистрировано с 2012 года, когда начался третий путинский срок.

Од 1.400.000 случаи на инфекција со ХИВ регистрирани во нашата земја од 1987 година, повеќето од половината, околу 750 илјади, се забележани по 2012 година, кога започна третиот претседателски мандат на Путин. 

За среќа, Русија има влогосфера кадеможе да се  каже она што останува некажано на другите медиуми. Влогерите како Дуд имаат многу претплатници бидејќи нудат ретка алтернатива во земја чии медиуми се подложени на тешка цензура и контрола од владата. Во Русија,  главен извор на информации е телевизијата, што значи дека алтернативните медиуми, со исклучок на exception of интернет-телевизиската станица Дожд (Дождь), се претежно весници и радио-станици. Тоа значи дека Јутјуб-каналите на популарните влогери се единствената независна конкуренција за државните телевизиски канали

Дуд, кој е бивш спортски новинар, е еден од водечките влогери во Русија, со над шест милиони следбеници на неговиот канал на Јутјуб. Тој често ги интервјуира познатите личности што зборуваат руски и има продуцирано неколку професионални документарни филмови на теми кои во руското општество се сметаат за контроверзни.

Неговиот внимателен и промислен пристап кон некои осетливи теми од Дуд направил ѕвезда на рускиот дел од Интернет (RuNet). Глобал војсис ја замоли Жења Снежкина, новинарка која живее во Прага и е експертка за руските влогери,  да ја објасни популарноста на видео-блогерите во Русија и особено успеход на Дуд: 

Быстрая обратная связь дала создателям контента возможность наиболее точно попадать в свою аудиторию. По мере наступления цензуры в России, все больше людей старались уйти из-под ее влияния и переходили на площадку, которая в силу ее устройства не дает российским властям цензурировать контент. Также как и несколько десятков миллионов пользователей предпочитают неподцензурное медиа. 

С самого начала своей карьеры на Youtube Дудь говорил о себе как о человеке, который задает неудобные вопросы и старается докопаться до реального положения дел. Без осуждения, но с пониманием. Фактически он переоткрыл жанр интервью, отменив “приличия” поведения героев. По мере развития канала количество вопросов росло, как и количество тем, о которых Дудь рисковал говорить. Рекордами прошлого года стали фильмы “Колыма” и “Беслан” (у обоих по 19 миллионов просмотров). Оба фильма вызвали ярость российских пропагандистов. Логично, что одной из тем для следующих фильмов должна была стать ситуация с ВИЧ в России, потому что положение дел тут трагическое.

Брзата повратна комуникација со публиката на креаторите на содржини им дава способност подобро да ги оценат незините потреби и очекувања. Со зголемувањето на цензурата во Русија, сѐ повеќе број луѓе се обидуваа да најдат начин да ја заобиколат, преку преминување на платформи чија структура не дозволува руските власти лесно да ги цензурираат. Затоа денес, неколку десетици милиони корисници преферираат нецензурирани медиуми.

Од самиот почеток на неговата кариеа на Јутјуб, Дуд за себе зборуваше како за личност што поставува незгодни прашања и ја открива реалноста на различни сутуации. Без осуда, но со разбирање. Тој во основа повторно го откри форматот на интервју, со оддалечување од потребата за „пристојни“ соговорници. Како што се развиваше неговиот канал, така се ширеше и опсегот на прашања што ги обработуваше, вклучително и теми за кои е ризично да се дискутираат. Во 2019 година неговите  филмови за Колима (дел од руската мрежа на гулази) и Беслан (терористичкиот напад на училиште во рускиот дел на Кавказ) ги соборија дотогашните рекорди на гледаност. Секој од тие филмови има по над 19 милиони гледања. Обата ги налутија пропагандистите на Кремљ. Беше логично дека ситуацијата со ХИВ во Русија ќе стане една од неговите наредни теми, бидејќи таа е толку трагична.

Насловот на најновиот документарец на Дуд е „ХИВ во Русија – епидемијата за која никој не зборува“ («ВИЧ в России — эпидемия, про которую не говорят») со времетраење од скоро два часа. Започнува со презентирање на клучните статистички податоци, како фактот дека во просек по 100 луѓе умирале од инфекција со вирусот секој ден во текот на 2018 година. Филмот содржи неколку сведоштва од луѓе кои се ХИВ-позитивни, како и од нивни родители, допирајќи различни теми: двојки во кои едниот партнер е ХИВ-позитивен, а другиот не е… ХИВ-позитивни деца, ХИВ и користењето дроги, митови за пренесувањето на ХИВ, активизам поврзан со ХИВ, потребата за сексуаално образование во училиштата, како и молкот на властите. Филмот покажува стории од вистинскиот живот пренесени  со секојдневен јазик кој се разликува од високопарниот стил на официјалните руски медиуми.

Филмот има огромно влијание во Русија, а бројот на гледања расте секојдневно. Но ефектот не може да се измери само преку тие бројки. Еден корисник на интернет напиша во коментар под видеото на Јутјуб:

Работам на клиника и мојот прв пациент денес е младо момче кое дојде за да направи тест за ХИВ. Рече дека го прави тоа затоа што го видел овој филм. Зачудувачки.

— Анастасија Ботушан, Јутјуб, 13 февруари 13, 2020

По објавувањето на документарецот на Дуд настанала експлозија на барања за тестирање за ХИВ, факт што покажува дека владините кампањи за превенција на епидемијата не се ефективни. Еден напис наведе дека барањата за тестирање за ХИВ во Русија се зголемиле за 5.500 проценти по 11 февруари.

Очигледно успехот на филмот го привлече вниманието на властите. Думата, рускиот парламњент, организираше прикажување на филмот за пратениците на 14 февруари:

А за Денот на вљубените, во Државната дума направивме необичен избор. Ќе ни го прикажуваат филмот на Јуруј Дуд.

На 16 февруари, Сметководствената комора на Русија, тело кое врши надзор врз финансиската контрола на државниот буџет, објави дека ќе изврши ревизија на ефективноста на мерките за поддршка на Русите кои се ХИВ-позитивни. Нејзиниот раководител Алексеј Кудрин го пофали филмот на Дуд на Твитер:

Јуриј Дуд направи ептен потребен филм за ХИВ во Русија. Повеќе од еден милион луѓе се инфицирани. Во 2018 година, 37.000 луѓе умреа од СИДА, што во просек е по 100 луѓе на ден. Споредете го тоа со корона вирусот. #ХИВ во нашата земја е многу поголема закана.

Новинарката од Прага Снежкина не верува дека пристапот на властите ќе се смени преку ноќ. Но  сепак, таа е оптимистична во однос на перспективите за поширока општествена свест за ХИВ во Русија:

Условно говоря “власти” услышали слова Дудя и его героев – фильм был показан в Госдуме и Министерстве здравоохранения России. Я не думаю, что сам фильм приведет к каким-то радикальным результатам. А вот то, что гораздо больше людей открыли для себя, что доступное тестирование на ВИЧ и доступные лекарства, это может иметь гораздо более широкие последствия.

Во основа „властите“ ги послушаа пораките на Дуд и неговите јунаци – филмот беше прикажан во Думата и во Министерството за здравство. Не верувам дека ќе донесе некои радикални промени. Но фактот дека толку голем број луѓе дознаа за тестирањето за ХИВ и постоењето на лекови (за состојбата) ќе има многу позначајни последици.

Еден од највпечатливите моменти во филмот на Дуд е интервјуто со Катја, поранешна корисничка на дрога која умрела за време на снимањето на филмот. Во текот на нивниот рразговор, Катја неколку пати инсистира дека:

Мы не прокаженные. Я надеюсь, что пойдет поток информаций

Ние не сме лепрозни. Се надевам ќе има слободен тек на информациите (за нас).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.