Здравје: Обама укина забрана за финансирање на интернационални програми за планирање на семејство

Дебата за абортусВо првата недела од својот мандат, американскиот претседател Барак Обама ја укина забраната за така нареченото „Global Gag Rule“. Потегот е поздравен од групите за права на жените и јавно здравство, бидејќи со ова ќе се овозможи повторно глобално да се финансираат интернационалните програми за планирање на семејство.

Правилото, познато уште како и правило на Мексико Сити, им забранува на американските владини фондови да спонзорираат прекуокеански групи за планирање на семејство и клиники кои извршуваат или промовираат абортус или лобираат за негова легализација. Обама ја укина забраната еден ден после 36тата годишнина од Рое наспроти Вејд, случајот со кој се легализираше абортусот во Соединетите Држави. Правилото е креирано во 1984 година и од тогаш постојано се укинува и забранува од претседателите. Пост на блогот South-South образложува:

„Global Gag Rule [познато и како правило на Мексико Сити или поспецифично Закон за странска помош 1961 (22 U.S.C. 2151b(f)(1))]“ им забранува на американските фондови за планирање на семејство да финансираат странски невладини организации кои користат свои приватни, не американски долари, за да ги советуваат и насочат жените кон абортус или да изведуваат абортуси. Дури им забрани на американските фондови да финансираат невладини организации кои искажуваат поддршка за закон со кој абортусот ќе биде легален и безбеден. Global Gag Rule беше во сила од 1985 до 1993 кога е укинато од претседателот Клинтон. Претседателот Џорџ Буш повторно го воведе во 2001 и беше во сила до 23 јануари 2009 година.

Критичарите ја нарекоа забраната „Global Gag Rule“ бидејќи им забранува на прекуокеанските групи да учествуваат во дебатите за абортус во нивните земји. Texas in Africa истакнува дека друг проблем со правилото е што неговите рестрикции се премногу опсежни:

Global Gag Rule не ги зема во предвид правилата на некоја земја во врска со абортусот. Наместо тоа, ги блокира финансирањата од било која организација што ги поддржува правата за абортус било каде во светот. Тоа значи дека ако „Планирано родителство“ води клиника во рурална Уганда која дава совети за планирање на семејство и врши прегледи за време на бременоста, губи средства кога е во сила Global Gag Rule поради своите ставови за избор. Ова се случува без разлика на фактот дека абортусот е нелегален во Уганда освен ако не се однесува на заштита на животот или здравјето на мајката.
Кога администрацијата на Буш повторно го стави во сила правилото во 2001, клиниките од цела Африка ги изгубија сите свои средства. На многу места, особено во Кенија и Гана, тоа значеше дека илјадници луѓе го изгубија пристапот до единствената можност за здравствена грижа.

Многу блогери го поздравуваат потегот на Обама и потенцијалното влијание кое ќе го има врз проблемите со репродуктивното здравје и планирањето на семејство низ светот. Danie, Danie, Danie мисли дека треба да му заблагодариме на Обама, додека Араш Кардан пишува:

Очајно сиромашните жени, со високо ризична бременост нема да мора да умрат бидејќи нивниот доктор не смее да им каже за нивните можности за прекинување на бременоста. Многу од нив ќе имаат пристап до нега за безбедно абортирање и нема да умрат или да се соочат со трајна повреда поради ризична „направи сам“ процедура. Жените нема да мора да забременуваат бидејќи нивните локални клиники за контрола на бременоста морале да изберат помеѓу губење на финансиите или неквалитетна, нечесна грижа. Ова ќе значи промената. Илјадници животи спасени. И после 8 години од ова смртоносно правило навистина е време за промена.

Меѓутоа, многу анти-абортус групи го осудија потегот, аргументирајќи дека на пример американските даночни пари не треба да се трошат за да се поддржи абортусот и дека со ова се отвора можност за повеќе абортуси низ светот. Ватикан изјави дека е против одлуката на Обама и потегот појави страв во некои од земјите кои ги користат овие фондови. Блогот Mike in Manila ги дискутира реакциите на Филипините:

Постои страв дека сега американските фондови ќе станат достапни тука во Азија за да финансираат програми за глобално легализирање на абортусот. Некои програми за абортус лобираа за да добијат американска помош за легализација на абортусот во земјите во развој.
Потегот значително ги загрижи членовите на Заедницата на католички бискупи од Филипините  кои ги повикаа Филипинците-Американци од сите вери да го искажат својот глас против новата одредба, како и на кампања за испраќање електронски пораки и телефонски повици до членовите на сенатот  од сите Католици за да се обезбеди дека „про-смрт и про-абортус“ ставовите на екстремната левица на Америка нема да наметнат поддршка за абортус и негова легализација во остатокот од светот.

Меѓутоа, Николас објавувајќи на Staying Left, Living and Driving in South Africa, истакнува дека изборот за абортус не е секогаш јасен во земјите на кои им требаат овие фондови:

Кога се размислува за абортус, особено во земјите во развој, аргументите изгледаат многу несовладливи. Во делови од КваЗулу Натал регионот од Јужна Африка до 50% од жените се ХИВ позитивни. Доколку мојата работа беше успешна, ние ќе успеевме да го намалиме пренесувањето на ХИВ од мајката на бебето на едноцифрена бројка наместо на повеќе од 30% во поголемиот дел од земјата. Меѓутоа, тоа значи дека ние ќе треба внимателно да извршиме неколку чекори во процес без филтрирање. Земајќи го во предвид нестабилниот здравствен систем, степенот на ризик за пренос на ХУВ на бебето е многу голем и доколку јас бев бремениот не би сакал да ја играм таа рулет игра.

Фотографија од Дебатата за абортус од Better In the Basement на Flickr

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.