Кина: Нема повеќе награди и признанија!

Јасно е дека кинеската влада не е среќна за Нобеловата награда за мир 2010. Како и да е, незамисливо е гневот на пропагандната машинерија да прерасне во цензура на зборовите „признание“ и „награда“.

Според последното генерално соопштение од Централното биро за пропаганда, кое се однесуваше на вести и пропаганда во 2011, сите веб-сајтови за вести и реклами не треба да иницираат било каков вид на избор на национално ниво (листи и награди) на вести, луѓе или настани. Позадината на оваа вест е поврзано со серија настани од изминатата година:

Прво, кинескиот политички дисидент Лиу Ксиаобо ја освои Нобеловата награда за мир 2010.

Второ, Тајм викли објави листа на „100 највлијателни луѓе на денешниата“, во која беше вклучен и активистот за безбедност на храна Жао Лианхаи и неколку потписници на Повелбата о8, вклучувајќи ги и Кју Веипинг и Ксу Јуји. Пенг Ксиаојун, кој беше задолжен за листата, беше присилен да го напушти списанието.

Покрај двете претходно споменати контроверзни случувања, имаше бројни листи и доделување на награди организирани од медиумски организации, минатиот декември, за да служат како едно заокружување на крајот на 2010та. На пример, на 17.12.2010, Саутрн метрополис деили додели 23 награди на уметници, граѓани, бизнис лидери, дизајнери, млади итн.

За да ги сопре медиумските организации во промовирањето на „незаконски“ и „нехристијански“ достигнувања и дела во граѓанското општество, владата ја забрани листата на најдобри новински извештаи на Саутерн викендс, „Поздрав до Медиумите 2010″, изминатиот месец. Покрај тоа, Централното биро за пропаганда неодамна одлучи дека владините и партиските власти треба да имаат монополска позиција во издавањето на „признанија“ и „награди“.

Во конкретната имплементација на општата одлука, кинескиот знак „獎“, кој што значи „признание“ или „награда“ е забранет во голем број на медиумски куќи и јавни настани без одобрение од релевантните власти.

Со цел да ја предизвика апсурдната мерка за цензура, независниот медиумски работник, Ванг Шаушан, објави „Ванг Шаушан Новински награди 2010“ преку неговиот блог. Има вкупно 6 награди и резултатите беа објавени на 12.01.2011 преку Твитер.

【1】大铁锤奖,获奖者:南方都市报记者:龙志。获奖报道:《安元鼎:北京截访“黑监狱”调查》,http://gcontent.oeeee.com/f/6c/f6c9dc70ecfd8f90/Blog/4a3/c0aee0.html 。

1. Награда- Голем чекан: Лонг Зи од Саутерн метрополис и неговата вест за „Ан Јуан Динг: Истрага за „Црниот затвор“ : http://gcontent.oeeee.com/f/6c/f6c9dc70ecfd8f90/Blog/4a3/c0aee0.html
[Белешка на преведувачот: Чеканот симболизира сила и влијателност.]

【2】八爪鱼奖:环球时报英文版记者: Wen tao、Song Shengxia 。获奖报道:Дваесет уметници протестираат во центарот на Пекинг, http://sinaurl.cn/h0yWQ

2. Награда- Октопод: Известувачите на англиската верзија на Глобал тајмс: Вен Тао и Сонг Шенгшауа и нивната вест за дваесет уметници, протестираат во центарот на Пекинг: http://sinaurl.cn/h0yWQ
[Белешка на преведувачот: Октоподот симболизира повеќеаголност и обемност.]

【3】稻草人奖:河南商报记者 王文凯。获奖报道:76岁菜农遭执法者掌掴 称卖红薯系为儿子挣药费,http://news.sina.com.cn/s/p/2010-11-10/052621444610.shtml

3. Награда- Сламен човек: Известувачот на Хенан комршал деили, Ванг Венкаи и неговата вест за 76 годишниот фармер кој ги продава неговите слатки компири за неговиот болен син и кој беше удрен од полицајците: http://news.sina.com.cn/s/p/2010-11-10/052621444610.shtml.
[Белешка на преведувачот: Сламениот човек симболизира хуманитарна грижа.]

【4】水产蟹奖:成都商报 前记者 殷玉生。获奖理由:成都商报记者殷玉生因报道河北大学飙车案,被自动离职,并遭莫名群殴。

4. Награда- Речен рак: Поранешниот известувач од Ченгду комршл деили, Јан Јушенг. Тој беше претепан од страна на анонимна толпа и присилен да го напушти весникот по објавувањето на сообраќајната несреќа со автомобил во универзитетот Хебеи.
[Белешка на преведувачот: Речниот рак симболизира хармонија и наградата е претставена за оние кои се осудуваат да им се спротивстават на речните ракови.]

【5】乌鸦嘴奖:时代周报 评论部 彭晓芸。获奖理由:时代周报2010年评论版相当给力,超乎期待。

5. Награда- Чавка: Пенг Ксиаојун, уредничка на коментари од Тајмс викли. Таа имаше одлична изведба во одделот за коментари во Тајмс викли во 2010, која ги надмина очекувањата.
[Белешка на преведувачот: Чавката прави ужасни звуци, но најчесто тие се предупредувачки.]

【6】南美羊驼奖:赵连海。获奖理由,坚持不懈地为结石宝宝奔走呼吁,公民典范。

6. Награда- Алпака: Жао Линхаи, како граѓанин продолжува да го следи инцидентот со отровното млеко и се бори за правата на бебињата со камен во бубрег.
[Белешка на преведувачот: Алпака претставува активисти и дисиденти.]

Индивидуалците и дисидентите можат да се спротивстават на Бирото за пропаганда со ваков вид на уметнички изведби со саркастично однесување. Како и да е, забавната индустрија е силно погодена од новите одредби. Истакнатиот филмски режисер, Фенг Ксиаоганг, ја опишува чудната ситуација во една неодамнешна прилика на доделувањето на режисерски награди и се пожали во неговиот Сина микроблог:

导演会颁奖,因不允许说”奖"字,只能改称"表彰"。奖杯因为有奖字,主持人为避开这个奖字只能说:请表彰人向被表彰人颁发被表彰证明物体。请获奖者发表 获奖感言也只能改为:请被表彰人发表得体感言。李雪健说,这么多导演这么严肃评的奖,为躲这么一字搞的这么累,让人心酸。赢得现场全体导演鼓掌。

Сега кога режисерите добиваат награда, ние не можеме да го кажеме зборот „награда“ и треба да го употребиме зборот „пофалба“. Бидејќи зборот „Награден трофеј“ го носи зборот „награда“, домаќинот треба да го избегнува зборот и да каже: нека пофалениот го добие доказот на пофалбата од страна на презентерот на оваа пофалба. „Забелешките на благодарност презентирани од пофалениот“ треба да бидат преформулирани во: нека пофалениот ја изрази својата благодарност. Ли Ксучанг (познат домашен актер) рече: многу режисери присуствуваа на оваа свечена церемонија на доделување на награди. Сега ние треба да го избегнуваме зборот, на сите им е преку глава. Ова е навистина тажно. Сите режисери ракоплескаа (откако го слушнаа ова) .

Микроблогот на Фенг доби илјадници повратни реакции. Ова е еден од најчестите класични примери за тоа како Бирото за пропаганда го политизира аполитичниот сектор со неговата практика на апсурдна цензура.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.