Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Блогери реагираат на гласините за воени напади

Гласините за престоен воен напад од Израелците или Американците врз нуклеарните објекти на Иран стана топ вест. Официјални лица на Израел истакнаа дека гласините можат да се претворат во реалност, како што медиумите во САД објавија дека Иран е на работ за нуклеарна способност. Израелскиот заменик министер за надворешни работи, Дани Ејлон, рече дека Израел не блефира во својата закана да преземе воена акција против контроверзната нуклеарна програма на Иран. Русија, пак, заканата ја нарекува  грешка.

Иранските актери на граѓанското општество реагираа на овие вознемирувачки вести, како што направија и блогерите.

Додозех објави неколку слики од играчки оружје, и пишува дека Револуционерните Гарди се подготвени со нови оружја да ја одбранат мајчината земја.

Тејквју објави слика со пин-ап модел кој седи на бомба во пост насловен „Погрешна слика за војната во Иран“. „Велика Британија и САД изготвуваат планови за напад на Иран“, пишува блогерот, „во услови на растечки тензии на Средниот Исток, се тврдеше минатата ноќ.“

Несван се потсеќа на војната помеѓу Иран и Ирак во 1980 година, и пишува:

Еднаш на времето имаше војна во Иран и ние го слушавме црвениот аларм… стоките беа ретки на пазарот, но тоа време беше различно од ова сега. Беше само една година по револуцијата и луѓето мислеа дека го соборија Шах и можат да направат сѐ. Како да нe се истие луѓе што живееле во оваа земја. Денес, пак ги слушаме вестите за војна, но што ќе реши војната за нас? За западните земји може да ја  раздвижи економијата, да ги продаде нивните оружја и да се ослободи од нуклеарните објекти во Иран. Тие можат да направат профит, но што е со нас? Дали мислите дека ограничен напад врз Иран, ќе направи овој режим да преовладува со години?

И Азар Тондар вели:

Постојат знаци дека западните земји целат да го зајакнат притисокот врз Иран, во исто време кога напаѓањето на нуклеарните објекти на Иран се наоѓа на насловните страни: резолуција на ОН која го осудува кршењето на човековите права во Иран, извештај на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија за Иран се сомневаше во нуклеарните активности и терористички заговор.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.