Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Арапски свет: Каде е тргнат Бен Али?

Сега кога соборениот туниски претседател Зин Ел Абидин Бен Али ја напушти земјата, секој има едно прашање на ум: Каде е тргнат тој?

Активистите на интернет се обложуваат дека е во една од арапските земји на заливот- кои се составени од Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Саудиска Арабија, Кувајт и Оман.

Гневни Арапски Вести, блог одржуван од Ас’ад Аду Калилa, забележува:

Алџезеира објави дека авионот на Бен Али се упатил кон „земја од заливот“. Дозволи ми да ПОГОДАМ: која држава вообичаено обезбедува рај за соборените диктатори??

Во следниот пост, тој додава:

Ал-Арабија вели дека авионот на Бен Али лета кон Катар, додека Алџезеира претпоставува дека неговиот авион е упатен кон Дубаи.

Египетската колумнистка Мона Елтахави објави на Твитер:

Колку ќе се обложат дека #Катар го зема #БенАли бидејќи беше еден од првите кој го призна неговото соборување, а е и професионалец во играње на сите страни? #Сидибузид

Арабјанецот, Вафа Алиџохани, бара од Арапите на Заливот да станат и кажат:

كل خليجي رجاء يكتب هذه الرسالة لاخوتنا في تونس: أنا خليجي وارفض استقبال بلادي وحكومتي للطاغية المجرم بن علي #sidibouzid #tunisia #Arabs
Секој државјанин на Заливот треба да ја напише ова порака за доброто на нашите браќа во Тунис: Јас сум државјанин на Заливот и не сакам мојата земја и владата да го примат криминалецот и тиранинот Бен Али

И Самар Дахмаш Јарах додава:

عزيزتي السعودية،قبلت من قبل اكل لحوم البشر عيدي امين،ارفضي الان مصاص دم اهل تونس #sidibouzid
Драга Саудиска Арабија, Вие претходно го примивте канибалистот Иди Амин, ве молам одбијте го вампирот кој сега ја цица крвта на Тунижаните
Египќанецот, Наје, се шегува:
بن على هيقعد يلف بالطيارة كدا لغاية ما البنزين يخلص ويقع في البحر
Авионот на Бен Али ќе продолжи да лета сè додека снема гориво и падне во морето

Египќанскиот колега, Мохамед Мансур, додава:

طائرة بن على فى الغالب متجهة الى دبى …. عند المدام #BenAli #sidibouzid #tunisia #AREN
Авионот на Бен Али веројатно е на пат кон Дубаи… така што тој ќе може да се обедини со неговата жена

Тој продолжува:

والله مش بعيد مبارك يعرض على بن على ان يستضيفه فى مصر . اصلهم اخوات فى الديكتاتورية . و شرم الشيخ كبيرة #BenAli #sidibouzid #tunisia #Egypt

Не би бил изненаден доколку Мубарак му сугерира на Бен Али дека тој е добредојден во Египет. Тие се браќа во диктаторството, а и Шарм ел Шеик е огромен

Со слично мислење, врвниот француски блогер и адвокат @МeтреЕолас објави на Твитер:

France terre d'asile : on a accueilli Khomeiny, Bokassa, Mobutu, Duvallier, on va bien recevoir Ben Ali ?

Франција, земја на азилот: му посакавме добредојде на Комеини, Бокаса, Мобуту, Дувалиер, сега можеме и за Бен Али, не можеме ли?

Дима Катиб потврди дека Франција ги затвори нејзините врати за Бен Али и забележува:

Саркози веројатни мислеше: не можеме да го примиме овој тип (Бен Али) во Франција. Со толку многу Тунижани што живеат тука јас имам сопствен #СидиБузид 🙂

Во меѓувреме, во Бахреин, брборењата за тоа каде е Бен Али продолжуваат.

الجزيرة تقول ان في اخبار ان بن علي رايح دولة خليجية: Тој е упатен кон Дубаи @Саабека_А  @ХалаЕбрахим @НасеемФ نروح قلالي عند المطار ننطر؟
@Сабеека_А: Алџезеира вели дека Бен Али оди кон земја на Заливот!! @ХалаЕбрахим @НасеемФ треба ли да одиме во Галаи, близу аеродромот и да чекаме?

Али Фаред одговара:

Тој е упатен кон Дубаи

И Абдурахман Варсам, во Катар, заклучува:

вести дека авионот на Бен Али слетал во Дубаи

Сепак, Египќанецот Тарек Амр, има подобро решение. Тој дава духовит одговор:

Нели користи Бен Али Доплр или Форсквер за да знаеме каде е тргнат? #Тунис #ЛБС ##Сидибузид

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.