Злоупотреба на деца во приватна градинка во Пекинг и последователната цензура на вести и коментари околу случајот натера многу Кинези да почнат да ги критикуваат властите иги направи скептични во врска со заклучоците на полицијата.
На 22 ноември, осум родители поднеле жалба во пекингшката полиција дека нивните деца биле повредени од вработен во градинка со која раководи групација за едукација наречена „Црвено, жолто, сино“ (ЦЖС).
Според написи во локалните медиуми, родителите пронашле убоди од игли на телата на нивните деца. Некои од децата изјавиле дека учителите ги хранеле со бел прав, и едно од децата тврдело дека тие биле однесени во просторија за прегледи на телото каде биле прегледувани од гол доктор. Наводно, најмалку три деца биле казнети со стоење голи на час, и едно покажувало телесни траги кои би можеле да имплицираат сексуално злоставуавање.
Вестите „експлодираа“ на друштвените медиуми. На 22 и 23 ноември, група гневни родители се собра пред самата градинка со барања за објаснување и барање да се добијат снимките од видео надзорот. Полицијата тогаш ја започна истрагата.
Веднаш следеше и цензурата. Некогашната актуелна тема скоро и да исчезна од друштвените медиуми. Сепак, нетизените, продолжија да дискутираат за случајот во поприватни канали како што се собите за муабет [chat rooms], каде многумина изразија загриженост од тоа што полицијата не сакала да истражува подлабоко во етаблираната групација за едукација.
Не е првпат оваа групација за едукација да се соочува со обвиненија за злоупотреба на деца. Во 2015, убоди од игли биле пронајдени на телата на најмалку 17 дечиња во друга градинка раководена од ЦЖС во провинцијата Џилин. Четворица професори биле уапсени непосредно по случувањата.
Цензура, „лажни“ обвиненија и ширење гласини
На 25 ноември, локалната полиција од Пекинг Чаојанг објави на „Веибо“ дека уапсиле еден 22-годишен учител како и жител на Пекинг кој коментирал на друштвените медиуми за поврзаноста помеѓу директорот на градинката и воен клан стациониран во близина на Пекинг.
На 28 ноември, локалната полиција понатаму објави дека немало докази дека на децата им се давале дроги нити докази за сексуално злоставување. Родителите признале дека давале лажни обвиненија или ги подготвувале нивните деца да даваат лажни изјави за стоењето голи како казна или за конзумирањето дрога, изјавија од полицијата.
Сепак, полицијата исто така изјави дека тврдиот диск од снимките за надзор од градинката не бил во функција поради тоа што снабдувањето со електрична енергија до уредите за видео надзор било редовно исклучувано низ подолг период. Полицијата успеала да поврати 113 часови од снимките од видео надзорот.
Најголемиот дел од коментарите под новостите објавени од полицијата на „Веибо“ ја фалеа работата на властите и ги осудуваа оние кои шират гласини.
Сепак, и покрај цензурата, критичките забелешки за истрагата продолжуваат да се појавуваат на „Веибо“. Еден нетизен ги сумираше пораките и новостите од полицијата во неколку потточки:
1.孩子没事,2.老师脾气不好,3.视频坏了,4.家长无聊,借孩子搞事情,5.网友都被孩子和家长骗了,6.网友不要造谣,不然抓人。
1. Децата се ОК; 2. Учителите се лути [тие ги боцкале децата со игли бидејќи не сакале да заспијат]; 3. Тврдиот диск на камерите за видео надзор е расипан; 4. Родителите ги користат децата да направат хаос; 5. И нетизените и децата биле измамени од родителите; 6. Нетизените би требало да престанат да шират гласини или ќе бидат уапсени.
Кина го усвои законот за ширење гласини на Интернет во 2013. Корисниците на Интернет кои дистрибуираат непроверени информации би биле уапсени и обвинети за ширење злогласини доколку нивните написи биле прегледани 5000 пати или споделени 500 пати. Максималната казна затвор изнесува три години.
Друг корисник на „Веибо“ го нападна полицискиот извештај и цензурата на онлајн коментарите:
新浪刚推出来的朝阳分局的调查结果,立马点进去看,所以这调查结果就是一切都是家长造谣,抹黑,无中生有?呵呵,多么可怕,或许这就是社会,背后的势力或许是我们不能想象的。
短短几分钟,评论上千,全是质问,一眨眼功夫 ,评论全部被删,关闭评论!!这样就会没有质疑的声音了吗?
警方带走了能证明事实全部监控,一句监控视频损坏,就当没有发生过任何事?真是可笑至极。
Од „Сина“ го објавија извештајот од истрагата на локалната полиција во Чаојанг. Веднаш го прочитав извештајот. Значи резултатите од истрагата се дека злоупотребата била фабрикуванa од родителите? Ова е страшно. Можеби ова е одраз на нашето општество, дека невидливата сила владее?
За само неколку минути, илјадници прашања се појавија „под“ извештајот. Тогаш, само во неколку секунди, сите коментари исчезнаа и функцијата да се остави коментар беше затворена.
Критиката може да се избрише туку така?
Полицијата ги одзела сите снимки од видео надзорот. Само со кажување дека тврдиот диск не бил функционален, [вие можете] да заклучиме дека ништо не се случило? Ова е таква фарса.
За да го истакне отсуството на конзистентност во полицискиот извештај, „расипан тврд диск“ стана хаштаг на друштвените медиуми.
Технички напис посочи кон тоа дека сите камери за видео надзор во градинките се поврзани со централен систем кој ги предупредува владините служби задолжени за образование доколку камерите за видео надзор не функционираат. Но написот потоа беше цензуриран.
Уште еден цензуриран напис кој ги собра сите достапни вести за други неповрзани случаи во чии полициски истраги стои дека камерите за видео надзор или тврдите дискови поврзани со нив кои се на локацијата каде е извршен наводен криминал не функционираат. Неизбежно, најголемиот дел од случаите завршиле со истиот заклучок дека не постојат докази кои ги поткрепуваат наводите.
Нетизените се шегуваа за тврдиот диск и една широко споделувана карикатура прикажува тврд диск кој се беси (види илустрација).
Цвета бизнисот во образованието, но кој се грижи за децата?
Добросостојбата на децата во градинките стана актуелна тема во Кина, каде низа случаи на злоупотреба открија слаба регулација и надзор во индустриите за детска нега и предучилишно образование.
Овојпат, вмешаната градинка е раководена од ЦЖС, елитна приватна групација за едукација која е присутна на берзата во САД од септември 2017. Таа ги таргетира кинеските семејства од средната класа и наплаќа училишни партиципации во висина и од 5,000 јуани (750 американски долари) месечно за билингвално образование. Сепак, инцидентот открива дека и трошењето на толку многу пари не гарантира дека децата ќе бидат заштитени од злоупотреба.
Огромен капитал се истури во кинеската индустрија на рано образование; постојат проекции дека истиот ќе биде пазар од 348 милијарди јуани до 2020 со 20% просечен годишен пораст, откако Кина ја укина политиката на едно дете во 2015. Сепак, брзата експанзија доведе до опаѓање на стандардите, како на пример вработување нелиценцирани учители, за да се зголеми профитот или неприродно да се зголемат буџетите.
ЦЖС е типичен случај на секторот во пораст. Основана во 1999, групацијата ја отвори својата прва приватна градинка во 2001 и изгради репутација како водечки образовен институт кој обезбедува најквалитетно рано образование. По добивањето лиценца за франшиза во 2013, групацијата брои 853 центри за игра и учење и 225 градинки заклучно јуни 2017, и планира дополнително да раководи со 724 предучилишни институции насекаде низ државата. Приходот на ЦЖС главно доаѓа од партиципацијата на франшизата.
Се чини дека кој било од проблеми нашироко распространети во индустријата не добиваат внимание по најновиот случај, бидејќи фокусот сега е ставен на вмешаните индивидуи. Како што саркастично искоментира твитер корисникот @wyjaaa:
硬盘坏了,监控没了,无证幼师认罪了,仓库保安招供了,家长情绪稳定了,承认造谣的就要上央视忏悔了,恭喜红蓝黄股价暴涨了,低端人口可以庆祝盛世中华了… pic.twitter.com/FvqR6klMeH
— 王亚军北京 (@wyjaaa) November 28, 2017
Расипан тврд диск, нема повеќе снимки од видео надзор. Нелиценцираниот учител ја призна вината и чуварот призна [дека тој го исклучил напојувањето на системот за видео надзор]. Родителите престанаа да се жалат. Тие што шират гласини наскоро ќе се појават на „Чајна централ телевижн“ да ја искажат својата вина. Честитки, вредноста на акциите на ЦЖС се поврати и сиромашното население [вклучувајќи ги нелиценцираниот учител и чуварот] продолжуваат да ја слават оваа просперитетна ера…