Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Дали е Тајван држава? А Тибет? Кина вели дека не се, и сака согласност од странските компании

Тајван се обидува да воспостави билатерални односи со други држави на чело со претседателката Цаи Ингвен, која ја гледаме на фотографијата како се ракува со директорот Мајкл Сонји од Центарот за кинески студии „Фаирбенк“ на универзитетот Харвард на 9 јануари 2017 година. Фотографија од кабинетот на претседателот на Република Кина.

Без разлика што велат луѓето, Хонгконг, Макао, Тајван и Тибет не се држави. Барем не во очите на оние што живеат на копно во Кина.

Оваа недела, неколку мултинационални корпорации јавно се извинија заради тоа што ги навеле Хонгконг, Макао, Тајван и Тибет како држави на нивните веб-страници, по налог на кинеските власти.

Бранот извинувања од „ЈВ Мериот Хотелс“, „Зара“, „Делта Ерлајнс“ и „Медтроник“, меѓу другите, беше поттикнат од прашалник испратен по електронска пошта на 9 јануари од страна на „Мериот“ до своите кинески членови, во кој четирите територии беа наведени одделно од Кина во едно од прашањата за место на живеење.

 

So what's what?

Objectively, whether or not these places are considered countries may depend on one's definition of the term. The western Himalayan region of Tibet came under China's rule in the early 1950s. A vocal movement advocating independence for the region, which is home to one of China's largest ethnic and linguistic minorities, has led to notoriously high levels of police surveillance and population control measures there.

Taiwan has been a self-ruling political entity since 1950, but China claims the territory and has used its influence around the world to isolate the Taiwanese government. Hong Kong and Macau fall under a legal designation of “special administrative regions” of China. They maintain a high degree of autonomy from the mainland — a condition that has come increasingly under threat in recent years. All three places — Hong Kong, Macau and Taiwan — have their own executive governments.

Hong Kong, Macau and Taiwan also have their own travel documents that are unique from China's and recognized internationally. In mainland Chinese airports, Hong Kong, Macau and Taiwan are placed in the international departure hall to facilitate immigration check out.

И што е што?

Објективно гледано, дали некое од овие места се смета за држава или не зависи од самата дефиниција за терминот. Западниот хималајски регион на Тибет е под кинеска власт од раните 1950-ти. Гласен движење за застапување на независноста за регионот, кој е дом на едно од најголемите лингвистички и етнички малцинства на Кина, доведе до значително зголемен полициски надзор и мерки за контрола на популацијата таму.

Тајван е политички ентитет со сопствена власт од 1950 г., но Кина ја зеде територијата и го искористи нејзиното влијание низ светот за да ја изолира тајванската влада. Хонгконг и Макао спаѓаат под правната класификација „посебни административни региони“ на Кина. Тие имаат голема автономија настрана од копното – состојба која е под голема закана во последниве години. Сите три места – Хонгконг, Макао и Тајван имаат своја извршна власт.

Хонгконг, Макао и Тајван имаат исто така и свои патни исправи кои се различни од тие на Кина и се меѓународно признати. На кинеските аеродроми на копното, Хонгконг, Макао и Тајван се ставени во интернационалната хала за поаѓање, за да се олесни одјавата на имигрантите.

Веста бргу се прошири по објавената слика од прашалникот на „Мериот“ на кинеската друштвена мрежа „Веибо“ и на неколку други профили на друштвените мрежи на медиуми кои известија за ситуацијата. Хотелот бргу го повлече прашалникот, но беше предоцна. Кинески репортер од копното од „Д Пејпр“ објави дека и мобилната апликација на хотелскиот синџир исто така одделно ги прикажува четирите како држави во делот за регистрирање нови корисници.

По два дена, службени лица од шангајската Управа за кибер-безбедност им рекле на менаџерите на „Мериот Ејжа Пасифик“ дека нивниот прашалник и делот за регистрација на нови корисници го прекршува законот на Кина и ги повредува чувствата на Кинезите, и им нареди да ги затворат и веб-страницата и апликацијата на најмалку една недела како казна.

Како одговор, „Мериот“ објави три јавни извинувања на „Веибо“ во периодот меѓу 9 и 11 јануари. Подолу се наоѓа англиската верзија од нивното извинување објавено на Твитер на 11 јануари:

Мериот Интернешенел ги почитува сувереноста и територијалниот интегритет на Кина. Не поддржуваме сепаратистички групи кои ги поткопуваат сувереноста и територијалниот интегритет на Кина. Искрено се извинуваме за какви било дејства кои можеби навеле поинаку.

Но на кинескиот дел од Интернетот, нивните извинувања нашироко се сметаа како неискрени откако кинески медиум видел дека Твитер профилот на Мериот, @MarriottRewards, му се допаднал твит за приказна која била објавена од тибетска сепаратистичка група.

Додека онлајн „патриотите“ продолжиле да го напаѓаат „Мериот“, бројни домашни компании беа принудени да ги откажат своите резервации за банкет во хотелите „Мериот“ низ Кина. Страниците за резервации на хотели преку Интернет исто така ги тргнаа хотелите „Мериот“ од нивните пребарувачи. Арне Соренсон, извршниот директор на „Мериот Интернешенелс“, уште еднаш се извини преку јавна изјава.

„Овие неморални странски корпорации“

Во моментите кога вниманието на јавноста растеше, шангајската Управа за кибер-безбедност на 12 јануари дополнително побара од шпанскиот трговски синџир „Зара“ и американскиот производител медицински апарати „Медтроник“ јавно да се извинат затоа што го навеле Тајван како земја на нивните веб-страници. Двете компании бргу ги направија измените на своите веб-страници и се извинија.

Истиот ден, Управата за цивилно воздухопловство на Кина (УЦВК) побара од „Делта Ерлајнс“ да се извинат за тоа што ги навеле Тајван и Тибет како држави на нивната веб-страница и мобилна апликација. Наредниот ден, „Делта“ го стори токму тоа.

Кинеските корисници на Интернет кои се партиски верни од тогаш се во лов на други мултинационални корпорации кои имаат наведено кој било од четирите ентитети како одделни држави. До сега, 23 други меѓународни авиокомпании биле пријавени бидејќи ги навеле Хонгконг, Макао и Тајван како држави.

Странските брендови како „Кристијан Диор“, „Картие“, „Хермес“, „Бурбери“ и „Армани“ биле обележани поради истата причина. Дури и популарната апликација за емитување видеа „Хуаџијао“, домашна кинеска компанија, беше издвоена заради тоа што ја направила истата „грешка“.

Повеќето коментари на „Веибо“ содржат националистички сентименти против мултинационалните корпорации, како на пример следниве подолу забележани на објава од профилот на државната телевизија ЦЦТВ:

早就该对这些吃中国饭还砸中国饭碗的无良外商下手了!

Треба да се навали на овие неморални странски корпорации што ги кршат кинеските чинии за ориз откако ќе ни го изедат оризот.

看来,国外确存在分裂中国的势力,而且渗透到了许多地方,从酒店到航空公司都有。

Изгледа како странските сепаратистички сили да се пробиле во Кина, сосе хотелските и авио секторите.

希望各个部门都查一下相关行业,领土主权问题没有讨价还价的余地

Официјалните лица на различни индустрии треба да направат целосна проверка. Суверенитетот не смее да се загрози.

Некои дури бараат уште поголема казна. Корисник под името „Вест Крусејд“ вели:

维护国家主权尊严,不可指望一些不良外国公司的自查自改和所谓“道歉”,因为在中国国家主权和核心利益问题上,他们从来不是历史的法盲,也不是现实的瞎子,而是政治的流氓,我们必须以法律和外交的手段与其交涉,主动出击。

Државниот суверенитет и достоинство треба да направат повеќе од само молба до неморалните странските корпорации да се самоцензурираат, да ги поправат своите грешки и да се извинат. Корпораците го познаваат законот бидејќи знаат и самите за кинеските принципи кога е во прашање суверенитетот. Тие не се слепи, туку ова се политички трикови. Треба да бидеме проактивни и да го адресираме проблемот на дипломатски и правен начин.

„Таа е дефакто одделна земја од Кина“

Надвор од „Големиот огнен ѕид на Кина“ (колоквијализам кој се однесува на домашните мерки за цензура), инцидентот поттикна расправии на Фејсбук меѓу Кинезите од копното, жителите на Хонгконг и Тајванците, каде жителите на Хонгконг и Тајван ги посочиле многуте начини со кои Хонгконг и Тајван делуваат одделно од Кина.

Подолу се одбраните коментари од различни објави за вести. Прво, од Тајван:

台灣有自己憲法 政府 軍隊 議會 本來就跟中國不是同一個國家,幾根五星旗叫言論自由 數千餅終們就是你中國的一部分 笑死人了 領居民證的算人民嗎? 領居民證的居民而已

Тајван има свој устав, влада, армија и законодавство. Тој е дефакто одделна држава од Кина. Глупост е да се присилува народ да биде дел од Кина со национално знаме со пет ѕвезди што се вее и со неколку илјади луѓе кои даваат заклетва за верност. Народот во Кина има само жителска лична карта, тие се само жители [не граѓани].

以國家的高度去要求強迫外國企業行不義之事,你的高度就只能這麼低

Да се присилуваат странски корпорации да вршат неправедни дела во име на државата, тоа покажува колку ниско си паднал.

Од Кина:

要讓一個中國原則稱為國際商界共識,馬虎不得。

Мора да бидеме сериозни во градењето консензус меѓу интернационалните бизнис сектори во врска со „принципот една Кина“.

以前是一家人,给个面子,大家无所谓。现在弯弯要做统独议题,那就有得玩了。还是那句话:你们爱独立就滚去美国,日本独立,中国人的土地没你们的位置。

Во минатото [Кина и Тајван] беа како едно семејство и имаа толеранција. Сега, тајванската независност е на агендата и тоа е почетокот на нешто сосема ново. Ако сакаш независност, оди во САД и Јапонија. Нема место за тебе на територијата на кинескиот народ.

Од Хонгконг:

從今以後,大家記住叫中國的地方名,記住要加中國兩個字呀!例如,中國深圳,中國上海,中國北京,中國廣州,中國東莞等等!如果唔係,中國會嬲嬲豬㗎

Отсега, да ја залепиме Кина на сите кинески региони. На пример Шенжен Кина, Шангај Кина, Пекинг Кина, Гуангжу Кина, Донгуанг Кина. Или така или Кина ќе се налути.

提提大家, International Country Calling Codes 如下:
中國–86,香港–852,澳門–853,台灣–886
分裂祖國,鐵証如山

Само еден мал потсетник до сите, следново се државните повикувачки кодови:
Кина–86, Хонгконг–852, Макао–853, Тајван–886
Ваквите цврсти докази ја разделуваат татковината.

抵制淘宝,全國包郵不包括香港,即係香港已經獨立!!!

Треба да се бојкотира Таобао, нивната услуга за пошта до дома не го вклучува Хонгконг. Значи дека Хонгконг е независен!!!

А на Твитер, бившиот амбасадор на САД Куртис С. Чин ја резимираше реакцијата на Кина за целиот инцидент со меме од панда што уништува сѐ:

Кина реагира на откритието дека Тајван, Тибет се наведени како држави на веб-страниците; бара јавно извинување од „Делта“, „Мериот“, „Медтроник“, „Зара“ итн.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.