Неодамна, фудбалскиот тим на Малезија имаше причина за славење, кога за прв пат по 14 години, победи во финалето на Сузуки купот на азиската фудбалската федерација, победувајќи го првин шампионот Виетнам, а потоа и Индонезија со 3-0 во првата фаза од финалето што се играше на националниот стадион Букит Џалил.
Меѓутоа, индонезиски фанови се пожалија и покажаа незадоволство преку Твитер дека малезиски фанови им го одвлекувале вниманието на индонезиските играчи светејќи со ласер во нив. Две фрази беа тренд теми ширум светот, „Мразете ја Малезија“ и „#Сакајте ја Индонезија“.
Јопи Риналди на својот блог рече дека победата на Малезија не беше ништо посебно бидејќи тие мамеа кога судијата не преземаше ништо против фановите, кои со ласер му светеа на индонезискиот голман.
Поразот на Индонезија против Малезија во Сузуки купот не е воопшто засрамувачки.
Малезиските фанови не го почитуваа натпреварот, а судијата не постапи разумно кон нивните прекршоци, резултирајќи со пораз на Индонезија во мечот на овој Сузуки куп.
Меѓутоа, џејсонмамблс објави на Твитер дека „Ние Малезијците сме засрамени од инцидентот со ласер, но не можете да кажете дека сме мамеле, бидејќи постигнавме гол ПО инцидентот“.
И додека некои на Твитер протестираа за наводната измама на Малезија, некои се потрудија да го оправдаат и притоа да објаснат дека таквиот настан не е причина за навредување.
PrincofPopJB во својот твит објави „Азијците се семејство, точно??
Ако и ние сме семејство тогаш да престанеме да се мразиме меѓусебно.
Да прекине со омразата кон Малезија. #Сакајте ја Малезија и #Сакајте ја Индонезија!!! 🙂
Апмаааар исто така објави на Твитер дека реакциите на многу Индонезијци беа непредвидени.
Ние ја сакаме Индонезија и горди сме на неа, но не треба да ја мразиме Малезија. Запрете го веќе ова бламирање!!
Втората фаза од финалето ќе се игра на стадионот Гелора Бунг Карно во Џакарта на 29 декември. Индонезија треба да постигне најмалку 4 гола за да победи на првенството.
Фотографии од финалето беа споделени од Вакаримасенлол, а исто така најинтересните моменти од мечот можат да се најдат на сајтот Јутјуб.