Пред неколку недели, Глобај Војсис објави вирална фотографија на жена од Виетнам како вози скутер без кацига додека со неа патува и дете. Еден од коментарите на фотографијата беше дека тоа ја рефлектира реалната ситуација на улиците во Виетнам. Навистина, често може да се забележат возачи на мотори без кациги не само во Ханој, туку и во други градови во Виетнам.
Но, овој спектакл не е ограничен само на Виетнам. Доколку пропатуваме низ други градови во Југоисточна Азија, можеме да пронајдеме слични примери на прекршување на сообраќајните правила.
Фотографијата над написов покажува уште еден возач на скутер без кацига, но овојпат, тоа се случува во Тајланд.
Строга примена на сообраќајните закони е неопходна за заштита на јавната безбедност. Но, често можеме да видиме луѓе, вклучително и деца, како се возат со моторни возила кои претставуваат ризик по нивните животи. Тие се цврст потсетник за неадекватните и неефикасните превозни системи во многу држави од Југоисточна Азија. Погледнете ги фотографиите подолу:
Патувањето низ Камбоџа може да биде многу тешко, особено во северо-источниот дел:
Индонезиските возови можат да бидат пренатрупани за време на шпицот во сообраќајот:
Модифицирани џипови на армијата на САД ги транспортираат луѓето и стоките на Филипините, дури и откако се веќе пренатрупани:
Џипчињата овде во провинциите се како … pic.twitter.com/xSThHDuxP7
— Алиса Абордо (@AlyssaAbordo_) 13ти април, 2014
Џипчињата овде во провинциите се како … pic.twitter.com/xSThHDuxP7
— Алиса Абордо (@AlyssaAbordo_) 13ти април, 2014
Во Мјанмар, писателот Џејсон Сзеп го испитува прастариот транспортен систем на оваа држава:
Повеќето возила, на пример, се со управувач од десната страна, потсетување на британскиот колонијализам. Сепак на патиштата сообраќајот се одвива по десната страна, слично на американскиот систем, што ја намалува видливоста и ги држи возачите во постојана состојба на готовност.
Со приближувањето на економската интеграција на југоисточните азиски држави во 2015, тие исто така мораат да ги ревидираат и транспортните ситеми за да промовираат локален развој, продуктивност, и најважно, да ја штитат безбедноста на нивните граѓани.