Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Франција: Што би направиле во играта на смртта?

Контроверзна француска документарна емисија наречена: “Колку далеку ќе оди телевизијата: Играта на смртта” на 17 март предизвика скандал од светски рамки со тоа што емитува екперимент на лажен ТВ квиз во кој на натпреварувачите им беше наложено да мачат други натпреварувачи со тоа што ќе им даваaт електрични шокови. Повеќе од 80 тестирани  натпреварувачи се согласија со ваков начин на игра без поплаки.

Оваа сцена погоре е земена дирекно од докуметарната серија, која се емитуваше на француската телевизија Франција 2 (France 2).

Лажната игра, “Екстремна зона”, репродуцира услови за ситуација на психолошки експеримент и е создадена од американскиот психолог Стенли Милграм во 1960 година. Во оваа понова ТВ верзија , “испитувач” поставува низа од прашања на “кандидат” затворен во кутија. За секој погрешен одговор, на кандидатот му се дава електричен шок. Интензитетот на шокот се зголемува со секое наредно  прашање. Секако дека кандидатите се актери и се освен испитувачот е измислено.

Шоуто завршува кога испитувачот одбива да продолжи (“бунтува”) или два пати го испраќа крајниот удар од 460 волти (“почитува”). Тогаш психолозитe му ја откриваат вистината на испитувачот и ја снимаат реакцијата.

Експеримент на телевизија

Ова е прв пат експериментот да се прикажува  на телевизија, но експериментот на Милграм претходно беше репродуциранан со измени во многу земји  –  исто така еднаш во измислена сцена во филм од 1979 година на Хенри Вернеуил, со наслов Jaс kако во Икариус ( I As In Icarius) (погледни на француски или со англиски превод).

Еден од научниците во шоуто, Жан-Леон-Бовуа (Jean-Leon Beauvois) [француски], истражувач и учител  по социјална психологија, известува за [француски] експериментот на форумот за социјална психологија. Тој ги објаснува  своите причини поради кои соработува:

[Причината] што ме натера да прифатам [учество во шоуто] е интеграција на еден предложен проект за истражување во пошироката политичка телевизија, покренувајќи документарна емисија за злоупотребата на ТВ мрежите и опасностите на реалните ТВ шоуа.

Репродуцирајќи го експериментот на Милграм, тој очекувал слични резултати:

За шоуто очекувавме максимална покорност затоа што ја репродуциравме ситуацијата на Милграм, во која се покорија 62.5% од учесниците. Навистина, 81% од нашите испитувачи одбраа да дадат електрични удари од 460 волти по два пати.

Тој заклучува, промислено, дека телевизијата е институција каде луѓето се повеќе склони на почитување:

На луѓето не им требаат референци како знаење, наука и.т.н… за да се покорат на некоја личност која им  дава неморални наредби во институционален контекст затоа што тие дошле тука за да прават како што ќе им се нареди. Оваа наклонетост се должи на предиспозицијата за послушност во образованието и практичната рутина во нивните организации.

Реакции на блогерите

За разлика од телевизиските гледачи (телевизискиот рејтинг засега е многу низок) [фанцуски], ова преместување на експериментите на телевизија предизвика многу реакции во блогосферата.

Многу луѓе ја критикуваа имплементацијата на искуство во областа на телевизијата. Андре Гантерт (Andre Gunthert), историчар и истражувач во полето на визуелни студии, ја побива [француски] претходната анализа:

Експериментот Милграм беше во врска со авторитет. Сепак, неговата имплементација на телевизија не докажува постоење на  “авторитетна” телевизија , туку покорност кон општествен контекст. Tелевизискиот пренос е една голема машина во која  поставениот режим додава одреден притисок врз учесникот. Тоа подразбира мобилизација на скапа опрема, тим од неколку луѓе, посебно уредени простории за таа намена и.т.н.. Борбата со продукцијата во која веќе сме се согласиле да земеме учество е тешко изводливa, тоа би било како преземање на контролата на “Боинг” по полетувањето.

Според Вирџинија Спајс [француски], семиотичар и телевизиски експерт, експерименталните услови се нарушени бидејќи првенствено тоа е игра за кандидатите, што би ги објаснило разликите во резултатите:

За разлика од експериментот Милграм, тие не регрутираат луѓе кажувајќи им дека се работи за научен експеримент, туку со тоа што ќе им кажат дека се кандидати во игра (шоу), што е сосема различно: За време на експериментот, кандидатите сметаат дека играат игра за забава, што целосно го менува нивниот поглед на настаните.

“Што би сториле вие?”

Сепак, овој експеримент нема да остане без влијание врз гледачите, бидејќи го тера секој гледач да размисли за своите сопствени вредности, како што посочува [француски] и Оливиер Мауко (Oliver  Mauco) на својот блог Игра во општество:

Големата сила на ова искуство е дека секој може да биде еден од ‘заморчињата’. Заложбата  “Што би сториле вие”,  ја зајакна блискоста, не емпатијата туку позиционирањето. Ова е морална дебата затоа што е дебата управувана од страна на односите меѓу поединецот и системот на вредности.

Многу блогери се запрашуваат што би правеле. Но, неколку се осмелиле да одговорат, како што е Жан-Марк Онкеликс (Jean-Marc Onkelix) гледач и блогер од Белгија, кој храбро ги изрази [француски] неговите сомнежи:

Дали би направил поинаку? Дали  сум способен за извршување, во рамките на секаков вид на авторитет, на еден толку непоправлив чин, толку далеку од мојот поглед кон светот, толку различен од мојот морал?  За мене е обврска да ги почитувам сите лица без дискриминација, треба ли да бидам еден од мачителите?  Признавам, јас сум во искушение да кажам не, но во овие случаи, дали сето неопходно распознавање, визијата на реалноста, е  уште таму? Дали сме подготвени да помогнеме покрај се и да ги  ризикуваме нашите сопствени интереси да останеме во согласност со нашата моралност?

Ако ја земеме оваа анкета како некој показател [француски], се чини дека мнозинството интернет корисници мислат дека се способни да се спротивстават на авторитетите. Ќе биде интересно да се види дали иднината ќе им покаже дека се во право.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.