Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Дали куче-јазовичар кое страдало за научни цели навистина заминало дома со заменик премиерот на Русија?

Авторски права: Макс Пиксел // Јавен домен CC0

Во видеото подолу, кое може да вознемири некои читатели, човек во лабораториски мантил во своите раце држи црнокафен јазовичар. Друг човек, што носи костум и кравата вели:

We use a liquid that is heavily saturated with oxygen. We now submerge the animal into the experimental liquid.

Користиме течност која е заситена со кислород. Сега го потопуваме животното во експерименталната течност.

И со тоа, од главата надоле кучето е потопено во резервоар со течноста, и оставено е околу една минута, очајно да се мачи. Сето ова беше дел од презентација направена од страна на рускиот заменик премиер и лидер на одбранбената индустрија, Дмитриј Рогозин, при крајот на декември 2017 година за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ

Целта била да се прикажат најновите достигнувања кај „дишењето во течност“, кадешто се покажува дека течност збогатена со кислород им овозможува на оние кои се нурнати (доброволно или на друг начин) нормално да дишат и да примаат кислород.

Јазовичарот по некое време го извадија од течноста во која се дише и потоа го држеа вертикално наопаку, со тресење и кашлање, а течноста видливо течеше од неговиот нос и неговата уста. (гледајте го видеото погоре на ваша одговорност).

Видеото веднаш предизвика лутина како и кај Русите така и интернационалните учесници на Интернет дискусии, со претседателски надежниот Алексеј Навални кој го додаде своето мислење на неговaта неделна емисија во живо:

Несчастная такса, естественно, думала — что ж такое, я только что сидела на ручках, видела каких-то важных людей — и вдруг меня топят, эти люди меня пытаются убить, и сейчас я умру. И такса решила умереть, и начала глотать этот воздух, вернее, эту воду. Но она была обогащена кислородом, поэтому такса не сдохла, её вытащили, её рвало на глазах у всех… Ну да, мы, конечно, не лицемерные люди, мы отдаем себе отчет, что есть опыты на животных. Но ведь не проводят опыты на таксах! Есть животные, на которых опыты проводят — крысы, например. Я сегодня думал, что скажу в эфире: “опыты на таксах не проводят”, загуглил — “опыты на таксах”, а гугл мне в ужасе выдал — возможно, вы имели в виду “опыты на крысах”.

Кутриот јазовичар сигурно си помислил: „Господе Боже, што е ова, само си седев кај некој во раце пред некои многу важни луѓе и одеднаш, ме дават, овие луѓе се обидуваат да ме убијат, ќе умрам.“ И така, јазовичарот беше спремен да умре, почна да го подголтнува тој воздух, или таа вода. Но водата беше збогатена со кислород, и јазовичарот не умре, ја извадија и таа почна пред сите да ја повраќа таа вода….Па, секако, не сме хипокрити, разбираме дека некои експрерименти вклучуваат и животни. Но, не јазовичари како заморчиња! До таа мера се користат одредени животни – стаорци на пример. Како што се подготвував за емисијава, изгуглав „животински тестирања врз јазовичари“, и Гугл – згаден одговори: „Дали мислевте на животински тестирања врз стаорци?“

 

„Рогозин и друштвото удавија куче, и сега се перчат со измамник“

 

Помошникот на заменик премиерот одби да коментира за случајот, иако приговорите сигурно стигнале и до Рогозин, бидејќи на Нова година тој објави слика со жена му, нивното куче, и новопосвоениот јазовичар, имено истиот оној од видеото:

Дмитриј, Татјана, Николас и Пончо Рогозин Ви посакуваат Вам пријатели, среќна Нова година! Нека не ве каса и нека не ве лае 2018, туку само нека ви мавта со опашот како поддршка!

 

Николас е името на јазовичарот, кој бил дел од експериментот, а потоа бил посвоен од Рогозин. Руските државни ТВ медиуми ептен се потрудија да го прикажат херојството, доброто здравје и тврдоглавоста на кучето и како тоа придонело за напредокот на важните научни откритија како подобрување на шансите за преживување на морнари заробени потонати подморници.

Но, горенаведените новинарски будалаштини малку придонесоа за згаснувањето на сè побројните морбидни гласини. Руските интернет-душкала го разработија до најмал детаљ првото појавување на кучето од вознемирувачкото прикажување. Гледано од оваа слика и запрени делови од видеото снимено при презентацијата, еден корисник дојде до заклучокот дека ние сме гледале две сосема различни кучиња:

Рогозин и друштвото удавија куче, најдоа друг јазовичар, и сега се прчат со измамник. Вистинскиот јазовичар е мртов.

Твитот, кој доста брзо се прошири, најверојатно е заклучок од забелешка на Антон Красовски, руски новинар од „Ехо на Москва“ опозициска радио станица донесен на денот на Нова година.

Кстати, эта такса умерла, через четыре дня, после того, как ее притопил человек с образованием журфака Рогозин, который сейчас управляет всей военной индустрией в России.

Инаку, кучето умре четири дена откако Рогозин го удави, дипломиран новинар кој денес се наоѓа на чело на целата руска одбранбена индустрија.

 

Јазовичарот е жив?

Други корисници на Твитер, пак, се обидоа на понаучен начин да ја објаснат можната причина за смртта на кучето:

За жал, вистинскиот јазовичар е веќе мртов. Цицачите развиваат пулмолошка едема околу 6-8 часа по изложувањето на флуорокарбони [течнос збогатена со кислород]. Ова всушност причината поради која ваквите истражувања беа прекинати.

 

ТЏурнал, руски новински портал спроведе сопствена истрага и нивниот заклучок е дека врз основа на втора слика по експериментирањето, ова всушност бил истиот јазовичар, видливо жив и здрав и во рацете на Рогозин.

Ако бевте вознемирени од видеото, сепак бидете оптимисти. Без разлика дали Рогозин навистина го посвоил јазовичарот, изгледа дека тој ретроактивно си го добил своето. Претходно во декември 2017, пред прикажувањето на течноста во која се дише, Русија лансираше ракета од својот нов (а веќе затрупан со многубројни корупциски скандали) Космодром Восточни, вселенско пристаниште во далечниот исток на земјата.

Како дел од неговото портфолио, како лидер на одбранбената индустрија, на крај Рогозин е одговорниот за вселенската програма на Русија. За негова несреќа како и за несреќа на проектите за кои тој е надлежен, програмери внеле погрешни координати за лансирање, и по успешното испраќање во вселената, изгубиле контакт со сателитот кој бил во ракетата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.