Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Газа и Сдерот: „Ден после војната ќе ни треба нов почеток“

Мапа од конфликтот во Газа

Градот Газа и израелскиот град Сдерот се оддалечени само неколку километри. Пред една година, иако луѓето живееја во сурови услови под израелска блокада и Сдерот беше постојана цел на ракетни напади кои доаѓаа од појасот Газа, беше започнат еден блог од страна на двајца мажи, по еден во двете места. Оттогаш, тие го документираат своето искуство и ни ја даваат нивната перспектива на настаните, вклучувајќи ги оние од изминатата недела.

Life must go in Gaza and Sderot (Животот мора да продолжи во Газа и Сдерот) е заеднички блог пишуван од  “Peace Man (Човек за мир)” во Газа и “Hope Man (Човек со надеж)” во Сдерот. Нив двајца ги запознал Дени Гал, кој работи за една НВО која е посветена на ефектите од конфликтите во Средниот Исток и тие блогираат од јануари 2008 година:

Овој блог е пишуван од двајца пријатели. … Постои тековно насилство помеѓу Израел и Газа кое особено се интензивираше од октомври 2000. Многумина се убиени и многумина се повредени. Медиумското покривање на двете страни е екстремно пристрасно. Нашиот блог е пишуван од двајца вистински луѓе кои живеат и комуницираат на двете страни од границата.

Во својот последен пост,  Peace Man вели:

Откако започна операцијата во појасот Газа, во два дена повеќе од 300 луѓе се убиени и 200 исчезнати и околу 160 се во критична состојба. Израел ги уништи сите полициски станици и Владини центри. Полиција и цивили и деца кои [беа] убиени во оваа операција.

Многу е тешко да се опише што се случува во Газа, страшна катастрофа, каде авионите не прават разлика помеѓу цивили и војска и деца.
Во овој момент има тенкови околу Газа кои се подготвуваат за инвазија на појасот Газа.

Јас ја молам меѓународната заедница да го сопре ова што се случува во Газа и се надевам на договор за прекинување на огнот и да се ослободиме од насилството
Затоа што насилството ќе донесе уште повеќе насилство.
Ќе се јавам повторно со повеќе информации за ситуацијата.

Hope Man ни ја дава својата перспектива:

Многу луѓе го напуштија Сдерот и моја проценка е дека помалку од 50% од луѓето се останати. Многу малку луѓе шетаат на улица и не може да се видат деца никаде.

Војната беше голема грешка, па сепак не е чудо што толку многу луѓе во Израел ја поддржуваат. Моменталната реалност од ракети како паѓаат во Сдерот и други места во последните 8 години е страшна реалност. Mногу луѓе од нашиот регион го напуштија засекогаш во изминатите години. Да се подигаат деца во ваква реалност се чини скоро изопачено и со сигурност неодговорно.

Постои едно чувство во најголем дел од израелското општество, дека се нема избор освен да се нападне Газа и да се сопрат пукањата еднаш засекогаш. Ова е очекувана човечка реакција на тековната ситуација.

Кажувајќи го ова, јас лично мислам дека е страшна грешка која можеше да се избегне. Во времетраење од 5 месеци имавме скоро комплетно прекинување на огнот. Наместо да го искористиме овој долг период и да постигнеме долгогодишен договор, двете страни го потрошија времето подготвувајќи се за оваа војна, планирајќи се и вооружувајќи се. Не се направија сериозни напори да се започне дијалог.  Опсадата од страна на Израел продолжи и криумчарењето на оружје од страна на Хамас продолжи. Имаше прекин на огнот, но само за да се подготви следната рунда која ние ја искусуваме токму сега.

Јас сум голем песимиста во овој момент. Се плашам дека се подготвува напад од земја и дека уште поголема болка е пред нас. На крај мора да ќе се постигне некаков договор. Се надевам дека ќе се случи наскоро, но се плашам дека нема.

Hope Man и јас зборуваме секој ден. Ние се поддржуваме меѓусебно и се грижиме за доброто на другиот. Јас имам контакти со други во Газа и ја споделувам мојата ситуација додека слушам за нивните. Многу став и болка на двете страни.

Она што јас и другите го правиме е продолжување на дијалог со пријателите во Газа. Ние работиме на тоа да го прошириме и продлабочиме овој дијалог со што повеќе луѓе на двете страни. Првиот ден после војната ние сакаме да започнеме да бараме начини да работиме заедно и да креираме една нормалност. Ние сме оддалечени само неколку километри и тоа нема никогаш да се смени. Од огромна важност е да се прошири нашиот дијалог и да се создаде доверба помеѓу оние кои сакаат да зборуваат. Да ги делиме нашите стории, стравови и надежи. Денот после војната ќе ни треба нов почеток. Ајде да започнеме да ги садиме семињата на човечност и доверба сега.

Неодамна француско-германската културна телевизија  ARTE презеде еден проект наречен Газа Сдерот каде кратки видеа беа снимени од страна на израелски и палестински тимови на дневна база во период од два месеца, кои следеа 6 луѓе од Газа и 6 од Сдерот. Резултатите можете да ги видите овде.

Фото кредит: Викимедија Комонс

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.