Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Ден на слободен софтвер

Како дел од глобалниот Ден на слободен софтвер, на 4 октомври Слободен софтвер Македонија, по трети пат, организираше настан во центарот на Скопје. Тие разделуваа флаери и дискови со Ubuntu Linux, кои беа подготвени специјални за оваа пригода и вклучуваа слободен софтвер за други оперативни системи, како и филмот „Укради го овој филм“ за пиратството во Шведска.

Настанот започна на плоштадот на Скопје и вклучуваше сликање на платно од страна на група млади уметници, кое е посветено и инспирирано од овој ден. На блогот на Слободен софтвер Македонија, нејзините членови напишаа:

„Оптегнатото“ платно привлече внимание на плоштадот иако паралелно се случуваа повеќе настани на исто место. Сликарите веднаш се зафатија со работа и за кратко време free software се најде нацртано на платното.

Тие беа задоволни од реакциите на луѓето и настанот:

Разделивме информации на многу минувачи а некои од нив застанаа да постават прашања. Имаше луѓе кои дојдоа да постават конкретни прашања а повеќето со кои разговаравме имаа генерални прашања за настанот и активностите.

Се на се, настанот помина подобро од очекуваното. Претпоставувам дека дел од луѓето што навистина се заинтересираа ќе поминат некогаш на „Сподели знаење“ или „Сподели кино“ каде ќе можеме да оствариме посодржаен контакт.

Слободен софтвер Македонија секоја недела организира настани како „Сподели знаење“, каде споделуваат знаења и искуства, дискутираат и експериментираат со луѓето заинтересирани за слободниот софтвер, и „Сподели кино“, каде прикажуваат интересни презентации, филмови под слободни лиценци и youtube плејлисти. На овие настани „Присуството е слободно, бесплатно и пожелно“.

Фотографии од Слободен софтвер Македонија, користени под Криејтив комонс лиценца

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.