Иако обидите за цензура од страна на македонските власти не се новина, изгледа дека наоѓаат нови начини за загрозување на слободата на изразување. Таков случај е забраната за пристап до Фејсбук и други веб-сајтови за жителите на државниот студентски дом во Скопје откако тие почнаа кампања на интернет да ги изложат ужасните услови за живот.
Единствен медум од Македонија кој јавно побара објаснение (на албански) од Министерството за образование и наука беше порталот на албански јазик Порталб.мк. Во изјавата, Министерството тврди дека никогаш не го блокирало пристапот до цел интернет, туку „само до социјалните медиуми во студентските домови“:
“Probleme me internetin nuk ka pasur, nuk është bërë ndonjë ndalesë në konviktin ‘Goce Dellçev’, sa i përket ankesave të studentëve, ato faqe dhe rrjete sociale gjithmonë kanë qenë të bllokuara si për studentët ashtu edhe për shkollat e mesme dhe fillore. Atyre u mundësohet qasja në internet për të mësuar dhe jo të hynë në faqe me përmbajtje që nuk ka lidhje me mësimin”, thonë nga sektori për informim i MASH-it.
„Во врска со тврдењата на студентите дека бил блокиран интернетот, ние тоа никогаш не сме го сториле и немало проблеми со пристапот до интернет во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Од друга страна, оние страници на интернет и социјалните мрежи беа од секогаш блокирани, на ист начин како што се блокирани во средните и основните училишта. Ние им овозможуваме на студентите да го користат интернетот само за образовни цели, а не да ги користат страниците што немаат врска со учењето,“ изјавила претставничката на министерството.
Ниту еден од претставниците на студентите, или медумите, нема тврдено дека бил ограничен пристапот до цел интернет. Пред студентската кампањата да стане вирален феномен на социјалните мрежи во регионот во март, станарите во домот имале неограничен пристап до Фејсбук и во текот на периодите на испитни сесии и вон тие периоди.
Кампањата за зголемување на свеста за животните услови за кои е одговорна државата привлече меѓународен интерес. На времето, некои медиуми и корисници на Твитер ги споредуваа условите за живот со оние по затворите:
A prison? No, a student dorm in Macedonia: Fed up with living in squalor, students in Macedonia have shared sh… http://t.co/1vTi1il5py
— Taylor (@spaceheaterdeal) March 27, 2014
Затвор? Не, туку студентски дом во Македонија: Откако им прекипело да живеат во беда, студентите од Македонија ги споделија шокантните фотографии од нивните руинирани студентски домови на интернет. Од ѕидови прекриени со мувла до смрзнувачки тушеви и оброци составени од скоро непечени компири, овие домови повеќе личат на затвори отколку на домови за живеење на студентите на врвни државни универзитети.
Ова привлече многу несакано внимание на објектот кој го води државата, а во тек на ширењето на лош публицитет за македонските власти, Фејсбук и некои други веб-сајтови одеднаш станаа недостапни за студентите.
Како резултат на ширењето на скандалот надвор од тесните државни граници, Владата на Република Македонија вети дека ќе го поправи тој студентски дом во Скопје и ќе ги подобри условите за живот за студентите. Условите за живот во другите студентски домови остануваат под нормалните стандарди.