Со задоволство ви најавуваме дека Иван Сигал му се приклучи на Глобал војсис како извршен директор. Иван ни се приклучува од Институтот за мир од САД, каде тој ги истражуваше граѓанските медиуми во деловите на светот кои се склони кон конфликти. Пред Институтот за мир, Иван помина неколку години со Интерњуз, интернационална организација за развој на медиумите. Во Интерњуз, Иван работеше на проекти во поранешниот Советски Сојуз, беше регионален директор за Централна Азија и Авганистан, регионален директор за Азија и работеше на развој на Латинска Америка и Карибите.
Иван Сигал, Џорџија Поплевел. Двајцата фотографирани на самитот на Глобал војсис 2008 во Будимпешта од членот на управниот одбор на Глобал војсис, Џои Ито.
Глобал војсис бараше извршен директор последнава година, со цел да му се препушти менаџментот на проектот од основачите Ребека Мекинон и Итан Зукерман. Во февруари, ја унапредивме Џорџија Поплевел, претходно раководен уредник, во раководен директор, со што таа ќе ги раководи секојдневните операции во нашата интернационална заедница. Иван ќе работи заедно со Џорџија, фокусирајќи се на долгорочната стратегија на проектот, на партнерства, собирање средства и одржување на организацијата. Ние сме возбудени што имаме прилика да работиме со некоја толку наклонет кон потенцијалите на граѓанските медиуми и со големо познавање на средината на глобалните медиуми.
Иван е наградуван фотограф и моментални работи на книга за Централна Азија. На нашиот неодамнешен самит во Будимпешта, неговата работилница за блогери со фотографија беше една од најпопуларните настани. Иван блогира на Ивоноутс, а ние со задоволство ќе читаме што тој мисли за неговата нова улога, која ќе започне во средината на Август.
Добредојде во Глобал војсис, Иван – задоволство ни е што те имаме во нашиот тим.