Посрамената македонска Влада се повинува на барањата на студентите
Според вест на порталот „Фактор“, Министерството за образование и наука на Република Македонија на 30 април објави тендер од 1.050.000 евра (1,46 милиони долари) за реновирање на озлогласениот студентски дом „Гоце Делчев“.
По сè изгледа оваа одлука е директна последица на иницијативата за дигитален активизам Операција Студентски дом, која овозможи видливост на ужасните услови за живеење во тој студентски дом и успеа да стави крај на повеќегодишниот тренд на неисполнети ветувања од страна на Владата.

Контрола на штетата: Оглас на Фејсбук со слика на премиерот насловен „Студентите се во право“ и текст „Целосно ќе се реновира студентскиот дом ’Гоце Делчев‘“.
По неуспехот на иницијалната реакција преку заплашување и цензура да го прикријат скандалот, владеачката партија навидум го проценила ризикот од дополнително разгневување на 1.200 студенти што живеат во домот (и нивните семејства) како преголем пред претстојните избори. Како дел од очевидната кампања за контрола на штетата, тие ветија дека домот ќе биде реконструиран, објавувајќи го ветувањето и преку медиумите кои се блиски до владата, како и преку платени огласи на Фејсбук кои водеа кон интервју со премиерот насловени „Студентите се во право“.
Некои корисници на социјалните медиуми забележаа дека зборовите на премиерот Никола Груевски во ова интервју имаат морничава сличност со еден познат цитат кој му се припишува на водачот на социјалистичка Југославија, Јосип Броз Тито, откако бруталната интервенција на „народната милиција“ не успеала да ги задуши студентските протести кои биле дел од светското движење за демократија во 1968 г. Реченица (на српски) „Другарот Тито рече дека студентите се во право“ беше популарна фраза низ сите држави на бивша Југославија и стана дел од културната историја преку познатата сцена од култниот филм од 1986 година „Лажливото лето на '68“. Во филмот, по прикажувањето на протестите од 1968, таткото го отстранува телевизорот од домот со дел да ги спречи децата да зборуваат за нешта кои режимот може да ги смета за неподобни. По Титовата изјава, тој гордо го вади приемникот од подрумот и им дозволува децата да го користат.
Уште една владина постапка укажува на растечката важност на студентите како гласачко тело. Непосредно пред последниот круг на претседателските избори, во петокот на 25 април, Владата им ги префрли средствата за вообичаено задоцнетите стипендии. Месечните рати кои ги добиваат студентите кои ја започнуваат учебната година во октомври обично почнуваат да се исплаќаат неколку месеци подоцна, со паузи, така што се одолговлекуваат до наредната есен. Но, овој пат, студентите добија една исплата со парите за сите изминати седум месеци одеднаш, иако Владата најави дека исплатите ќе почнат во мај, по изборите (поради забраната за трансфери во тек на избори). Месечните стипендии се во износ помеѓу 50 и 65 евра.
Од друга страна, нема најави за реконструирање на другите студентски домови, во Скопје и во други градови, кои најчесто служат за домување на многу помал број студенти. Еден таков пример е студентскиот дом за студенти по медицина „Медицинар“, сместен во комплексот на Клиничкиот центар во Скопје. Следните фотографии се снимени од авторот на 9 април 2014 година (сите објавени под лиценцата Криејтив комонс-наведи извор).
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!