Како технологијата им помага на луѓето да ги научат—дури и да ги зачуваат—светските јазици

Овој гостински пост е напишан од Алисон Еамер, научник за социо-лингвистика при Институтот за Технологија на Универзитетот Онтарио. Верзија од овој пост беше првично објавена на блогот на Ethnos Project.

Еден од загрозените светски јазици згаснува на секои 10 до 14 дена. Во борбата за нивно зачувување, оратори, научници и ИКТ специјалисти соработуваат да истражат како дигиталната технологија да се искористи за да се ревитализира јазикот. 

Јазиците со текот на времето стануваат ранливи и можат да изумрат бидејќи оние кои го зборуваат постепено се пренасочуваат кон користење на јазик со поголема политичка и економска моќ. Најчесто ова преминување се случува поради колонизаторски и експанзионистички агенди при што домородното население, култура, и земја ги препуштаат на градителите на империи. 

Вчудоневидувачки, некои академици не се вознемирени од она што може да се нарече „лингвистички Дарвинизам“, или преживување на најсилниот јазик. Тие можат да тврдат: Нели е полесно сите да го зборуваме истиот јазик?

Нема да елаборирам како секој јазик значи и единствен светоглед: како вокабуларот на еден јазик ги открива и вредностите на луѓето кои го говорат, како емпириското знаење е содржано во лингвистичките карактеристики, и како уметноста, себе-изразувањето, историјата, културата, економиите и идентитетот се неразделно поврзани со јазикот. Наместо тоа, ќе продолжам со пресумцијата дека, како и јас, и ти веруваш дека губењето на јазик е трагедија и дека домородните луѓе во светот имале премногу работи одземени од нив.

Miniature DNF Dictionary  by Tomasz Sienicki (CC-SA-3.0)

Минијатурен ДНФ речник од Томас Сиеницки (CC-SA-3.0)

Технологијата може да ги поврзе учителите на јазикот и содржината преку просторот и времето. Технологијата може да ги документира загрозените јазици со аудио снимки. Таа може да продуцира и дистрибуира курикулум и ресурси лесно и брзо. Може да олесни самостојно учење преку игри, cloud-based превземања и апликации. Може да поврзе учители и ученици за еднонасочно или тандемско учење на јазикот.

Напредните мислители ја искористуваат неверојатната моќ на технологијата да вратат во употреба јазици на чекор од истребување, и во ретки случаи, да „воскреснат“ јазик од мртвите.

Еве едно кратко сумирање на некои од начините на кои се користи дигиталната технологија во овие напори:

Европа

Северна Америка

  • Курс за самостојно учење на ЦД е развиен во Навахо јазикот, кој се зборува во југозападот на Соединетите Американски Држави.
  • Ученици на Чироки, говорен во југоцентралниот дел на САД, можат да комуницираат преку виртуелен свет.
  • Оџибвите од Манитоба, Канада, користат апликација за Ајфон да го ревитализираат нивниот јазик, исто како и Винебагото во централно западен САД.

Африка

Централна и Јужна Америка

Азија

Арктикот

  • Асинхрони онлајн лекции се достапни на Инуктитутски, еден од Арктичките јазици.

Средниот Исток

Пацификот

  • Домородниот знаковен јазик од Централна Австралија сега може да биде изучен со онлајн видеа.
  • Дигитални приказни на јазиците на Пацифичките Острови се сега достапни и онлајн.

За повеќе вести за технологија во корист на едукација за домородните јазици, посетете го ажурираниот со содржини веб-сајт на Алисон Еамер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.