ГВ Самит: Заврши вториот ден!

Додека првиот ден од самитот на Глобал војсис беше фокусиран на Адвокаси, вториот ден беше фокусиран повеќе на Глобал војсис, со презентирање на информации за другите проекти на ГВ, Рајзинг војсис и Лингва.

Денот започна со вовед од Џорџија Поплевел (ГВ раководен директор) и Солана Ларсен (ГВ раководен уредник), во кој им беше заблагодарено на нашите прекрасни, прекрасни говорници. Дејвид Сасаки (Рајзинг Војсис Оутрич) накратко зборуваше за последните случувања во проектот Рајзинг војсис и покажа краток филм со тековните независни проекти кои се финансирани од Оутрич.

Дејвид Сасаки

Сесија 1: Веб 2.0 станува широкораспространет беше модерирана од Лова Ракотомалала, со Каталина Ростепо (ХиперБарио, Колумбија), Колинс Денис Одур (Репактед, Кенија), Кристина Кисберт (Гласови од Боливија, Боливија), Миали Андриамананјара (ФОКО, Мадагаскар) како говорници. Оваа сесија беше блогирана во живо од Ребека Ванјики. Овој панел ги спои лидерите од иновативните Веб 2.0 иницијативи од Колумбија, Кенија, Боливија и Мадагаскар кои се обидуваат да ја направат глобалната дискусија повеќе претставителна за глобалната популација. Прашања што се однесуваат на нивните специфични проекти и предизвиците со кои тие се соочувале.

Сесија 2: Онлајн изборно тело во демократии во развој се фокусираше на тоа како растот на блогирањето, социјалното вмрежување и микро блогирачките сервиси, како Фејсбук и Твитер, видео и фото сајтови за споделување, како ЈуТјуб и Фликер, ширењето на мобилната технологија им дадоа можност на обичните граѓани целосно да учествуваат во демократскиот процес. Влијанието што го имаа овие алатки на неодамнешните избори го прикажаа Дауди Вере (Кенија), Оник Крикориан (Ерменија), Хамид Техрани (Иран), Луис Карлоз Диаз (Венецуела). Модератор на оваа сесија беше Солана Ларсен, додека Џулијан Јорк ја блогираше во живо.

Кога предрасуда се среќава со предрасуда беше темата на третата сесија. Фокусирана на неодамнешните тибетски протести против Кина со церемониите за пренесување на олимпискиот факел, интернационалните чувства кон Кинезите беа доста негативни. Што може да се направи за да се поттикне дијалог во времиња на такви вжештени недоразбирања? Говорниците Исак Мао (Претприемач и истражувач, Кина), Ребека Мекинон (Универзитет од Хонгконг и Глобал Војсис), Џон Кенеди (Уредник за јапонски јазик, Глобал војсис), помогнати од модераторот Хао Кианг, се обидоа да го одговорат ова прашање. Благодарност до Џулијан Јорк која ја покриваше оваа сесија на блогот.

Успешната гранка од ГВ, Лингва, ја водеше Сесијата 4: Превод и повеќејазичен веб. Лидерот на Лингва, Портноу ја претстави и ја водеше дискусијата со говорниците Крис Салзберг (Канада/Јапонија), Паула Гоез (Бразил), Резван (Бангладеш), Клер Улрих (Франција). Тие накратко ги прикажаа прашањата за тоа како содржината од Лингва се избира од преведувачите, важноста од нудењето на содржина на различни јазици со што се проширува публиката на ГВ и прикажаа некои од новите алатки за преведување, кои се користат од тимовите. Лингва моментално преведува на германски, шпански, француски, италијански, малгашки, португалски, албански, македонски, арапски, фарси, бангла, хинди, кинески (поедноставен), кинески (традиционален), јапонски.

Последната сесија беше Кога светот слуша. Беше модерирана од Притам Раи и со Неха Висванахан (Индија), Џулијана Ротич (Кенија), Лова Ракотомала (Мадагаскар) како говорници. На самитот тие ја прикажаа важноста од „другиот“ блогер – оној кој не блогира за политика, туку пишува за секојдневниот живот. Тие ги дискутираа и прашањата за тоа како блоговите можат да ја пополнат празнината со нови и креативни начини кога традиционалните медиуми не можат да известуваат, како на пример во случаите на природни катастрофи и политички кризи. Ребека Хеакок ја покриваше оваа сесија на блогот.

Џулијан Јорк

Мора да се каже дека за да се организира ваков самит е потребен огромен напор, но не треба да им се даде заслуга само на организаторите на самитот (Џорџија и Солана), туку треба и на нашите спонзори и партнери. Како додаток, тимот на блогери кои волонтираа за да ги запишуваат сесиите, Твитер, Фликер и блогираат во живо (неверојатно напорно!) заслужуваат огромна благодарност. Потребна е заедница за да се покрие нашата заедница!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.