Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Португалија: Едногласно признание на добитникот на Нобеловата награда Жозе Сарамагу

Слика на Фондацијата Жозе Сарамагу, од Фликр под лиценца на Криејтив Комонс

На 18-ти јуни 2010, на 87 годишна возраст, на својот посед во Ланзарот (Шпанија), од старост и пролонгирана болест, почина португалскиот писател и единствен добитник на Нобеловата награда за литература на португалски јазик Жозе Сарамагу, оставајќи ни голем опус на белетристика полна со филозофски влијанија преку кои створи необични и невозможни ситуации како и критички, вклучувајќи го бестселерот Слепило, кој опишува една земја каде сите го губат видот и Смрт со прекини која ги испитува социјалните конфликти во една земја каде луѓето престануваат да умираат.

Белешка на авторот: Интерпункциските знаци во текстот се намерно изоставени. Продолжете со читање.

@LuisMonteiro José Saramago marcou-me pela integridade, desapego à fama, postura leal perante os seus ideais, por muito q possamos n os partilhar. Homem.

@LuisMonteiro Жозе Сарамагу ме изненади со својот интегритет, неприврзаниот став кон славата, лојалниот однос кон своите идеали, колку и да не ги делиме истите идеали со него. Човек.

Неговите атеистички и милитантно комунистички убедувања ја разделуваа револуционерната душа што некој не можеше секогаш да ја разбере и да ја прифати: се отсели во Шпанија во текот на 1990 години, откако му беше забрането да учествува во литературните натпревари со полемичното дело „Евангелието согласно со Исус Христос“ (“The Gospel According to Jesus Christ”).

@tuliovianna Se o inferno cristão existe, neste momento Saramago está sendo recebido com honras de chefe de Estado; Darwin faz um discurso de boas-vindas

@tuliovianna Доколку постои христијански пекол, во моментов Сарамагу е пречекан со државни почести, а Дарвин го чита поздравниот говор

Само неколку минути по соопштувањето на смртта на Сарамагу, нетизените низ целиот свет започнаа да му оддаваат признание и Сарамагу стана една од најкоментираните теми на Твитер и покрај иронијата што неговата одбивност кон оваа алатка за комуникација е нашироко позната.

@marionel A Saramago no le gustaba Twitter ni creía mucho en Internet, aun así ya es homenajeado al ser TrendTopic [5] http://tweetphoto.com/27811330

@marionel На Сарамагу не му се допаѓаше Твитер и ниту пак веруваше во Интернетот, но и покрај тоа, оддавањето почит е 5та најпопуларна теми http://tweetphoto.com/27811330

Сарамагу на Твитер: „Овие 140 букви го отсликуваат она што веќе го знаеме: тенденцијата кон едносложноста на зборовите како облик на комуникација. Чекор по чекор, сите ќе се предадеме на мрморењето." Фотографија на Liquidslave на Фликр, под Криејтив Комонс лиценца

Како што некои изјавија, стилот на пишување на Сарамагу беше вистински предизвик за преведувачите, а особено текстовите напишани на оригинален португалски јазик

@chonnye Мојот омилен новелиста, Жозе Сарамагу, почина. Неговите книги имаа еден ритам кој ниеден друг писател ни приближно не може да го имитира. Вечна му слава…

@diegomaia E se todo mundo escrevesse sem pontuação hoje em homenagem a Saramago #saramagoday

@diegomaiaА што ако денес сите, во спомен на Сарамагу, пишуваат без да употребат интерпункциски знаци #ДеннаСарамагу

@joaomhenrique Vamos todos deitar fora a tecla da vírgula do teclado em sua homenagem. RIP José Saramago

@joaomhenrique Ајде сите да ја извадиме запирката од тастатурите во спомен на Сарамагу. Вечна ти слава Жозе Сарамагу

Жозе Сарамагу 1922 – 2010, Фотографија на Жозе Сарамагу.

@maria_fro Tô muito triste, #Saramago além de um ótimo escritor era admirável em sua coerência e princípios: http://migre.me/Q28O #luto

@maria_fro навистина сум тажна, #Сарамагу не само што беше одличен писател, туку исто така беше и за восхит заради својата доследност и принципи http://migre.me/Q28O #тагувам

Марија Фро ни предлага нешто за читање во врска со Сарамагу на нејзиниот блог особено последните интервјуа што Сарамагу ги даде за весникот Ел Паиз каде што писателот изјави Не ми кажувајте мене за смртта, бидејќи веќе ја познавам.

Последниот објавен текст на блогот на Сарамагу наречен „Размислувај, размислувај“ не остава да размислуваме за интелектуалната и идеолошката вредност на една личност која ќе продолжи да живее низ зборовите.

Acho que na sociedade actual nos falta filosofia. Filosofia como espaço, lugar, método de refexão, que pode não ter um objectivo determinado, como a ciência, que avança para satisfazer objectivos. Falta-nos reflexão, pensar, precisamos do trabalho de pensar, e parece-me que, sem ideias, nao vamos a parte nenhuma.

Сметам дека во денешното општество ни фали филозофија. Филозофија како простор, место, метод на размислување, што можеби нема специфична цел, како науката која напредува за да задоволи некои цели. Она што ни фали е мислење, размислување, потребна ни е работа како што е размислувањето и ми се чини дека, без идеи, не одиме никаде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.