Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Живееме подолго, но не и поздраво

Инфографик за промените во однос на лошото здравје кои може да се очекуваат во Јужна Америка, се користи со дозвола .

Медиго, специјализирана платформа за здравје која ги поврзува пациентите и докторите низ цел свет, направи споредбено глобално истражување за животниот век.

Во просек, денес луѓето живеат подолго од кога било порано. Скоро секоја држава на планетата забележува пораст во животниот век од почетокот на 21 век, со глобален просек кој достигнува до 71,4 години во 2015. Но, исто така постојат и огромни разлики во животниот век помеѓу и во нациите. Во Европа и Северна Америка, просекот е 73 години, во Океанија е 71, во Јужна Америка е 70 години, во Азија е 61 години, и во Африка е само 55 years.

Меѓутоа, Медиго одлучи да ги продлабочи своите анализи и го постави прашањето:

The World Health Organization confirms that we are living longer, but are we living healthier?

Светската здравствена организација потврдува дека живееме подолго, но дали живееме поздраво?

Светската здравствена организација со помош на здравственото мерење на животниот век [анг.„HALE“], мери колку долго може еден човек да живее додека води здрав начин на живот. Под влијание на факторите како квалитет на здравството, хигиена, војни и др., „HALE“ сè уште не успева да ја земе предвид насилната смрт. Оваа проценка забележува подобрувања во изминатите години.

Life expectancy increased by five years between 2000 and 2015, the fastest increase since the 1960s. Those gains reverse declines during the 1990s, when life expectancy fell in Africa because of the AIDS epidemic and in Eastern Europe following the collapse of the Soviet Union.

Животниот век се зголемил за пет години во периодот од 2000 до 2015 што претставува најбрзото зголемување од 1960-те. Овие достигнувања се спротивни од намалувањето на животниот век за време на 1990-те кога животниот век опадна во Африка поради епидемијата од СИДА и во источна Европа поради распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Медиго нуди алтернативно мерење на глобалното здравје кое се вика „Години на лошо здравје“ каде со помош на информативни графикони се прикажуваат промените во светот од 2000 година.

Инфографик за промените за време на годините на лошо здравје кои се очекуваат во светот, се користи со дозвола.

Во краток разговор со Глобал Војсис, Џулија Гутерер, oнлајн маркетинг менаџер во Медигo, ја објасни разликата помеѓу традиционалното мерење на СЗО и системот за мерење „Лошо здравје“ коj го предлагаат:

Basically we take the total life expectancy, which is just how much we are expected to live and is determined at birth, and we deducted the healthy-life-expectancy years from the actual life expectancy. After doing this, we see the average amount of years someone can expect to live in bad health: “Bad Health Years.” Bad Health Years are the years you live with diseases and disabilities.

Всушност ние го земаме целиот животен век кој претставува колку години се очекува да живееме и кој се одредува при самото раѓање и ги одземаме здравите години од поставениот животен век. Потоа, ги добиваме просечните години во кои човекот се очекува да има лошо здравје: „Години на лошо здравје“. Годините на лошо здравје претставуваат години во кои живееме со болести и инвалидитети.

Сите инфографици на Медиго можете да ги најдете на нивната веб страница.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.