Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Човек од Македонија 65 години се бори да си го врати имотот

Еден блогер и активист од Македонија предизвика внимание за маката на г. Душко Бранковиќ. Сопственоста на Бранковиќ била два пати национализирана од страна на државата во последните 65 години. Иако ги има добиено сите судски случаи во врска со ова прашање, државните институции на на Република Македонија ги немаат спроведено пресудите според кои треба да му го вратат имотот.

Овој постар човек сè уште протестира пред скопскиот основен суд и планира да се жали пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Активистот Никола Писарев објави фотографија од човекот кој држи транспаренти напишани со рака со натписите:

  • „Како може општинско решение да биде појако од пресуда на Врховен суд?
    За овој Врховен суд може!“
  • „Со вакви и слични пресуди наместо во ЕУ ќе завршиме на Марс!“
  • „Врховен суд треба да биде коректура а не карикатура!“:
Dushko Brankovikj protesting in front of Supreme Court in Skopje, Macedonia. Photo by Aleksandar Pisarev, published with permission.

Душко Бранковиќ протестира пред Врховен суд во Скопје, Македонија. Фото: Александар Писарев, објавено со дозвола на авторот.

Писарев додаде дополнително објаснение во врска со сликата на неговиот блог:

Индивидуалниот активизам често има за цел решавање на лични проблеми што е легитимно, особено кога повеќе луѓе се засегнати од еден ист проблем (како во случајов нефункционланоста и „неправедната“ правда на судството во Македонија). Затоа овој човек заслужува респект и поддршка од сите нас кои веруваме во моќта на активистичкото граѓанско делување.
Во отсаство на медиуми и во отсаство на институционална правда само протестот ни преостанува!
Човеков не го познавам, го запознав некни, индивидуално протестира пред суд скоро секој ден, ја бара правдата уште од 1973. Како што ми објаснуваше и тоа што ми покажа од материјали човеков е во право. За жал нефункционалната локална самоуправа му го загорчува животот и најгрубо му го крши правото на приватна сопственост.

Респект за чинот чичко.

Последниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија (US State Department Human Rights Report on Macedonia), објавен на 28 февруари 2014 година ги истакнува следното меѓу клучните проблеми во земјата:

„Политички влијанија, неефикасност, наклонетост кон лица на високи функции, предолги судски процеси, како и корупцијата го карактеризираа судскиот систем.“

Како резултат на објавата на Писарев на неговиот блог и социјалните медиуми, неколку независни медиуми направија стории за случајот на Бранковиќ, со што беа поттикнати дискусии преку социјалните медиуми и пошироко – не само за конкретниот случај туку и за општите состојби со македонските судови и владини системи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.