Стотици луѓе се собраа во недела попладне на 28 април 2014 г. во скопскиот Градски парк да менуваат сликички од албумот за Светското првенство во фудбал.
Во Македонија, како и во другите земји на бивша Југославија, постои децениска традицијата за собирање сликички, најмалку од седумдесеттите години, а многу од старите албуми со сликички се предмет на интерес на колекционери. Возрасни учествуваат во размените скоро на исто ниво како децата и најпопуларните брендови се италијанскиот Панини (Panini) и хрватскиот Краш (Kraš) со „Животинско царство“. Во 2006 година, локалниот програмер Горан Шлакески го основа веб-сајтот slikicki.com (со содржини на македонски, англиски и словенечки) кој е своевиден центар на онлајн заедница за размена на сликички, која го шири своето влијание и со офлајн настани како собиров.