Бугарија: Што може да натера еден Министер да даде оставка?

На 18ти март, Иван Иванов, заменик директорот на бугарската специјална единица за борба против организиран криминал (СЕБПОК), беше уапсен под обвинение за корупција и контакти со организирани криминални групи. Аферата се појави после сослушувањето на бившиот директор на СЕБПОК Вањо Танев пред парламентарната комисија за внатрешна сигурност и јавен ред. Во текот на сослушувањето се дозна дека министерот за внатрешни работи Румен Петков имал исто така “непрописни средби“ со наводни членови на криминални групи. Министерот Петков ги отфрли изјавите на Танев нарекувајки ги “куп лаги“. Подоцна, како и да е, стана јасно дека такви средби навистина се случиле.

Неадекватното и дрско однесување на министерот за внатрешни работи на 19ти март на конференцијата за печат предизвика широко негодување. Националните ТВ станици не го пренесоа во етер срамното излагање во целост, туку тоа беше поставено на YouTube.com од страна на еден новинар кој присуствувал на настанот.

Беше исто така поставено на блогот на Иван Бедров. Реномираниот новинар и блогер Педров се прашува (BUL) дали министерот бил “high” на конференцијата.

Јавноста беше шокирана од овие обелоденувања. На интернет се појавија повици за остава на министерот, но засега тој одбива да поднесе оставка.

Во врска со ова, Јовко Ламбрев прашува (BUL) што друго треба да му се случи на министерот за внатрешни работи и на Бугарија пред да почнеме да “ги отстрануваме лошите јајца, лошите полицајци и лошите влади, таму каде што припаѓаат…зад решетки “

Јулиан Попов пишува (BUL):

Во оваа земја човек може да започне смешен бизнис. Секој може да отвори канцеларија и да почне да прима облози дали Румен Петков ќе си замине или ќе остане. Дали ќе добие отказ или не. Дали ќе добие нова позиција или не. Или човек може да се обложува за тоа што следува што ќе се случи. За една недела, месец, шест месеци или година? На сите им е јасно дека Румен Петков носи голема одговорност за рамнотежата во неговиот кабинетот и неговата партија (Владеачката Бугарска Социјалистичка Партија). Како и да е, возбудливо е да се ставаат облози на тоа кога нешто што е очигледно за секого ќе стане реален документ. Кога тој навистина ќе даде оставка, работењето на дефиницијата за “Петковиот количник“ ќе може да започне. Овој количник ќе го мери времето потребно за да се признае јавно она што е веќе очигледно на сите.

Пејо Попов пишува (BUL):

Во последно време чувствувам како деновите да ми се празни ако нема снимена конференција со Румен Петков. Кога имам среќа гледам и се смеам со бес на изјавите како “Вашата жед за крв не ме инспирира“ Но не е вулгарноста на министерот таа што ме зачудува.

Блогерот признава дека има едно прашање кое не може да си го одговори:

Што треба да се случи за да видиме министер да даде оставка?

Ова тешко прашање, се уште неодговорено, го инспирираше Пејо да започне (BUL) книжевен натпревар со надеж дека “Треба да постои во Бугарија ум способен со својата генијалност да забележува серија на настани…(кои ќе водат до таква оставка) или не треба?“

Од учесниците на натпреварот се бара да напишат кратка приказна, опишувајќи настани кои водат до оставка на некој министер/ка и да пратат текст документ или линк до таква приказна. Блогерот собира пари преку фондации за да му се додели награда на победникот.

Можеби се чини неверојатно, но голем број на блогери веќе даваат свој придонес во фондот за наградата, а реномираниот бугарски блогер Богомил Шопов вети дека ќе сними филм базиран на победничката приказна. Деветнаесет (19) кратки приказни веќе се поднесени, и многу е веројатно дека ќе има уште повеќе пред крајниот рок 8ми април, додека јавноста дискутира за тоа кој ќе биде победникот и дали некое од сценаријата ќе испадне вистина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.