Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Можната владина кампања #SelfieMacedonia тргна наопаку

Во март 2014 започна Фејсбук кампања под хаштагот #SelfieMacedonia, но македонските корисници на социјалните мрежи се сомневаат дека владејачката гарнитура стои зад сето тоа.

Голем дел од македонската младина која употребува социјални медиуми, индивидуално или во групи започнаа да објавуваат фотографии под овој хаштаг на Фејсбук нарекувајќи ги „селфи“.

Младите од Унијата на млади сили на владејачката партија во Македонија, започнаа со овој вид на „селфи“ фотографиии кои најчесто ги вклучуваат и знамето и грбот на партијата. Хаштагот поттикна голем интерес и многу корисници започнаа да го коментираат, посочувајќи дека најверојатно целата кампања е исценирана и поттикната од штабовите на владејачката партија.

Како одговор на овој тип на „селфи“ фотографии, на Фејсбук може да се најдат уште поголем број на фотомонтажи на одредени личности од владејачката гарнитура со дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ или други политички симболи побрзани со некои од актуелните настани. 

A widely circulated photoshopped image showing a Macedonian government official and US President Obama, part of the response of Macedonian social media users to the #SelfieMacedonia campaign.

Многу споделувана фотошопирана слика прикажувајќи го македонскиот претседател и претседателот на САД Обама, како дел од одговорот на голем број македонски корисници на социјалните мрежи во врска со кампањата #SelfieMacedonia. 

Порталот A1on.mk со напис ја коментира оваа кампања вклучувајќи дел од фотографиите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.