Кампањата „И хомофобите се луѓе“ го предизвикува македонското непријателство кон ЛГБТ заедницата

"...the Homophobes are people, too" billboard in Skopje, Macedonia. Photo: F. Stojanovski (CC-BY).

„…и хомофобите се луѓе“ билборд во Скопје, Македонија. Фотографија: Ф. Стојановски.

Како начин за справување со ендемичната хомофобија, македонската невладина организација Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објави голем број на билборди во градовите Скопје, Битола, Куманово и Штип со едноставна порака „…и хомофобите се луѓе“, како дел од кампањата која започна на 10 декември, или на Денот на човековите права.

Идејата која ја претставуваат овие билборди, според коалицијата, е да се карактеризираат оние кои се противат на правата на ЛГБТ заедницата, како „потреба од социјална помош“ за да ги надминат сопствените предрасуди, особено во поглед на институционалната омраза кон сексуалните малцинства во земјата.

Во последните 10 години, македонската владеачка партија го предизвика хомофобното расположение, како начин на одвлекување на вниманието на јавноста од политичките и економските неуспеси. На пример, иако немало висок интерес за легализирање на истополовите бракови во земјата, партијата сепак има издадено извештаи како „заштитувачи на традиционалниот морал“. Во исто време, постои и системска неказнивост за омразата против ЛГБТ заедницата во Македонија.

Од стотици медиуми кои функционираат во земјава, само седум независни интернет портали известија за кампањата со билбордите, која беше направена во соработка со хрватската невладина организација Queer Zagreb. Оттаму не е изненадување што повеќето коментари на социјалните медиуми се негативни.

Последниот Извештај на ЕУ за Македонија (страница 60) ја истакна тешката ситуација на ЛГБТ заедницата во однос на човековите права:

Лезбејка, геј, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуалци (ЛГБТИ) лица, продолжуваат да страдаат од дискриминација и хомофобична содржина и во електронските и во печатените медиуми. Шестиот насилен напад се случи за време на прославата за двегодишнината на ЛГБТИ центарот за поддршка, во кој напад беа повредени две лица. И покрај повиците на граѓанските организации и меѓународната заедница, за сторителите да бидат гонети, ниеден од нападите сѐ уште не е целосно истражен. Во август, собранието го отфрли нацрт амандманот за антидискриминација, со кој би се забранила каква било форма на директна или индиректна дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Потребни се значителни напори за да се подигне свеста и почитувањето за различноста во општеството, како и напори за спротиставување на нетолеранцијата. Потребно е ова да биде направени низ јавни кампањи и обука за органите кои го спроведуваат законот, обвинителите, судиите и здравствените работници.

Видео објавено после Нова година од локална ТВ станица од градот Штип, ја прикажува ваквата хомофобија. Видеото, кое е дел од серијата „Најдобрите гафови во 2015“, ни прикажува улична анкета, со репортер кој ги прашува луѓето, „Што би направиле ако дознаете дека Вашиот сосед е хомо сапиенс?“

Анкетираните очигледно беа збунети од научното име за човечкото суштество и го помешале со зборот хомосексуалец, па одговорот на првиот анкетиран е иронична шега, „Ќе го обесам.“

Вториот граѓанин објаснува, „Што би направил? Ништо не би направил. Треба или да го убијам, или тој мене да ме убие. Друго ништо.“

Друг анкетиран прво се смее, а потоа вели, „Ако јас бев претседател, хах… Ќе се отселиш, ќе можеш да го тепаш, да го тужиш, да го пријавиш во полиција. Полицијата треба да го приведе. На телевизија гледам како овие луѓе не се плашат од полицијата и од судот…“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.