Неочекуваното затворање на границата остави илјадници авганистански бегалци заглавени во Грција

Фото: Маријана Каракулаки.
Последниве месеци, илјадници бегалци ги напуштаат своите домови разурнати од војните на Блискиот Исток и си ги ризикуваат животите да преминат во Европа, со надеж дека ќе најдат безбедност за нив и нивните семејства.
Арно ама, патот кон Европа не е посипан со ливчиња од рози. Од ноември, само на три националности – Сиријци, Ирачани и Авганистанци – им се дозволува да преминат во Европа преку опасната „балканска рута“. Сега овој пат станува уште поопасен за бегалците од Сирија и Ирак. Поради новите прописи донесени во неколкуте балкански држави, барателите на азил мора да покажат пасоши или лични карти, заедно со документите што ги добиваат на грчките острови. Во меѓувреме, бегалците што имаат турски визи веќе не се примаат во северна Европа, а Република Македонија целосно ги затвори границите за иселените Авганистанци.
Пограничното село Идомени (мак. Сехово) кое служи како главна точка за излез за бегалците и мигрантите кон внатрешноста на Европа, доживеа промени како ниедно друго место во Грција. Пред кризата, зоната беше под контрола на шверцери. Неодамна, тука се сместени транзитен камп и воен гарнизон.
Британскиот ТВ Канал 4 (Channel 4 News) извести за напорите на нивните новинари да ги откријат киднаперите кои грабаат бегалци за откуп:
Додека Идомени се полни со бегалци, уште еден камп со привремено сместување е воспоставен на 20 km (12.4 милји) од местото, на празен паркинг од бензиска пумпа.

Дете носи парче дрво за потпала до шаторот во којшто живее, на 20 километри од Идомени. Фото: Маријана Каракулаки.
Со ограничена информираност и исцрпени по спиењето во незагреани автобуси и шатори, илјадници баратели на азил решија да пешачат 20 километри до Идомен, каде што ги чекаше целосен камп и спора процедура на проверка на границата.

Илјадници луѓе пешачат 20 километри со цел да стигнат до граничниот премин кај Идомени. Фото: Маријана Каракулаки.
Фејсбук-страницата „Дали си Сириозен“ (“Are You Syrious”) вели дека само на 500 лица им било дозволено да влезат во Македонија меѓу 6 часот навечер и 6 часот наутро во понеделникот на 22 февруари. Според извештаите, полицијата и воените власти пристигнале на границата и продолжиле со мачно детално испитување на документите и личните карти.

Бегалци од Сирија и Ирак чекаат на ред со часови на проверка на нивните документи од страна на македонската полиција и војска. Фото: Николас Економу, употребено со дозвола на авторот.
Бегалците од Авганистан чекаа во редот без да знаат со сигурност дали ќе им биде дозволено да ја преминат границата. „Дојдовме во сабота. Зошто не нè пуштаат да поминеме?“ – авганистанскиот тинејџер Сам ја праша репортерката на Глобал војсис. „Пуштете нè да поминеме и потоа затворете ја границата. Го напуштив Авганистан поради војната: секој ден бомби, без работа, без иднина. Морам да си го издржувам семејството.“
Како што денот минуваше без нови информации за луѓето што чекаа во редот, растеше тензијата и бегалците почнаа да протестираат, барајќи влез во Македонија.

Авганистанските бегалци ненасилно протестираат, барајќи да бидат пуштени во Македонија. Фото: Николас Економу, употребено со дозвола на авторот.
Мали деца кои во рацете држеа знаци напишани со рака барајќи отворени граници се поместија пред толпата, каде што се обратија на грчките полицајци. По соочување што траеше неколку часа, толпата успеа да се пробие низ полициската блокада, отворајќи си пат кон граничниот премин, каде што луѓето ја урнаа малата ограда покрај пругата, конечно влегувајќи во Македонија.

Деца од Авганистан држат пароли напишани со рака со барање за отворени граници. Фото: Маријана Каракулаки.
„Го напуштив Авганистан пред скоро месец дена. Го изгубив бебето, а со мажот ми сум. Дали знаете што ќе се случи наредно?“ – жена наречена Захра праша на совршен англиски, кој го научила со гледање филмови. „Зошто ова ни се случува? Зошто не нè пуштаат да поминеме?“ – Захра очајнички ги прашуваше сите присутни.

Еден човек го држи својот сириски пасош (еден од документите што гарантираат влез во Македонија). Фото: Николас Економу, употребено со дозвола на авторот.
Се очекува тензиите во Идомени да продолжат, каде што е веројатно дека овие случувања ќе се повторуваат, бидејќи нови илјадници луѓе доаѓаат во потрага по безбедност и подобра иднина. За сега, единствената надеж е во пасошот.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!