Украина: Пионерите на државната болница и користењето на социјалните медиуми

Основана во 1798, Днипропетровската регионалана клиничка болица – именувана по Илија Илич Мечников – е една од најстарите болници во Украина. Исто така, една од првите државни установи која користи социјални медиуми.

Лицето кое стои зад создавањето на профилите на Твитер (@MechnikovaBoln) и Фејсбук на првата јавна болница во земјата, е технолошки напредниот епидемиолог и блогер Микаило Сукхомлин (@mvsnotesmvsnotes.blogspot.com).

Како и да е, ова не е неговиот прв обид да раководи со профилот на социјалните мрежи на државна здравствена институција.

Ентузијасти за социјални медиуми

Сукхомлин и неговата жена – програмерката Тетјана Чешко (@tvnotes) работеле во регионалниот оддел за здравство и епидемија. Двајцата ентузијасти за социјални медиуми, го отвориле профилот на институцијата на Твитер, кој се користеше за навремена размена на информации помеѓу персоналот на одделот. Микаило и Тетјана, исто така, признаа дека постојано им пристапуваат корисници на Твитер со здравствени и медицински прашања.

По постанувањето Шеф за информации на Дниперопетровската регионална болница, Сукхомлин одлучи да го примени неговотo успешно искуство таму и ги направи профилите на социјалните мрежи со цел да споделува новости за болницата, вклучувајќи настани, огласи за слободни работни места, пристигнување на нова опрема, итн.

 

Микаило Сукхомлин (привиот од десно) и Тетјана Чешко (третата од десно) со специјалисти за системот на медицински информации, слика од Днипропетровската регионална болница

Во интервју за Днипропетровск ТВ Канал 9, Сукхомлин објасни дека администраторите го користат профилот на болницата за да твитаат за услугите обезбедени од институцијата, притоа охрабрувајќи ги корисниците на Фејсбук да разговараат за нивниот квалитет на нивната официјална страница. На пример, едно од првите прашања покренато од пациентите ги вклучуваше долгите редови за чекање во болницата.

Другиот медицински персонал од институцијата, исто така, користи Твитер. Минатиот месец, болницата ја сподели нивната Твитер листа и ги охрабри другите да ги следат:

Рекомендую наших лікарів, твітерян-початківців – @Tolubaiev @Oxanalivshits @DrMedvedev @IhorKyrpa @SokolovMD #ff #sledui #раджу

Ги препорачувам нашите доктори, почетниците на Твитер – @Tolubaiev @Oxanalivshits @DrMedvedev @IhorKyrpa @SokolovMD #ff #sledui #раджу

Доктори на Днипропетровската регионална клиничка болница именувана по Илија Илич Мечников, слика од Днипропетровската регионална болница.

 

Иако нивната активност може да биде пионерска за Украина, постои меѓународен директориум за највлијателните доктори на Твитер, кој моментално содржи 1,327 имиња и е ажуриран секој час.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.