Водечката причина за смрт во земјите во развој може да ве изненади

A landfill fire in Fada-Ngourma, Gourma Province, Burkina Faso. Photo by Flickr user lepetitNicolas. CC-BY-NC-SA 2.0

Пожар во депонија во Фада-Нгоурма, Провинција Гоурма, Буркина Фасо. Фотографија од корисникот на Фликер lepetitNicolas. CC-BY-NC-SA 2.0

Овој напис од Ричад Фулер е првично објавен на Ensia.com, списание коешто ги нагласува меѓународните решенија за животната средина во акција, и е повторно објавен тука според договор за споделување содржина.

Која е водечката причина за смрт во земјите со низок и среден приход?

А. неисхранетост

Б. туберколоза, маларија и СИДА/ХИВ

В. загадување

Ако избравте „В“, погодивте. Заради изложување на загадена почва, вода и воздух (домашен или амбиентален) умреле 8.4 милиони луѓе во овие земји во 2012.

Уште една статистика за која вреди да се размисли: овие 8.4 милиони се од вкупно 9 милиони кои умреле од загадување на светско ниво во 2012. Со други зборови, ова не е проблем на „богатите земји“. Ова е проблем што го има само во земјите во развој.

Како за споредба, статистиките на Светската здравствена организација покажуваат дека во 2012 умреле 56 милиони луѓе – тоа се сите луѓе што умреле на планетата, било од сообраќајна незгода, самоубиство, старост, рак, медицински грешки, удар од гром, заразни болести, дефект со падобран, војна или ред други причини. Значи, загадувањето убило речиси еден од седум луѓе.

Загадениот надворешен воздух е виновен за 3.7 милиони смртни случаи. Уште 4,2 милиони луѓе умреле од изложеност на партикули од внатрешен воздух од рерна. Околу 1 милион умреле од хемикалии и загадена почва и вода. А 840.000 подлегнале заради лоша хигиена. Сите овие податоци доаѓаат директно од страната и базата на податоци на СЗО, освен статистиките за почвата, кои потекнуваат од понеодамнешни податоци (веројатно дискретни) од Глобалната алијанса за здравје и загадување.

Во истата 2012 година, 625.000 луѓе умреле од маларија, 1.5 милиони од ХИВ/СИДА и 930.000 од туберколоза. Тоа е една третина од бројката на луѓе што умираат од загадување, а сепак оваа тријада на ужасни болести привлекува над 20 милиони долари годишно од меѓународни добротворни организации и влади.

Споро и индиректно

Важно е да се напомене дека загадувањето ретко убива луѓе директно или бргу. Наместо тоа, предизвикува срцеви заболувања, воспаленија на градите, рак, болести на респираторниот систем и дијареа. Загадувањето делува како катализатор, со тоа што ја зголемува стапката на овие болести над нормалното. Поради оваа причина, СЗО го смета загадувањето за ризик фактор – закана за човековото здравје слична како прекумерната дебелина, пушењето, неисхранетоста или недволната физичка активност. Но,  загадувањето е крал на сите ризик фактори. На светско ниво, неговите цифри на фаталност ги засенуваат оние предизвикани од други ризик фактори во кој било контекст.

Тешко е да се замисли колку лошо може да биде. Сепак, обидете се дa замислите ваква ситуација:

Секој ден се будите на валканиот под во колибата што сте ја прикрпиле вие и вашиот сопруг со отпадни материјали од блиското градилиште за хотел со пет ѕвезди. Вашиот сопруг работи 70 часа неделно издвојувајќи хемикалии во фабрика за пестициди со лоши улови. Од неодамна, почна да искашлува крв. Изгледа се’ послаб и поисцрпен секоја недела, а вие сакате да му кажете да прекине, но како? Ситните пари што ги заработува се единственото нешто што ги прехранува вашите деца.

Одите кон блиското езерце со пластична кофа. Водата што ја црпите е кафеава и смрди на човечки измет, но нема што друго да се пие. Пробувате да ја цедите со цедалка, но не помага многу. Меѓувреме, фабриката што е веднаш до ќумезот во кој живеете, онаа што владата неодамна ја затвори, почна повторно да работи – но само навечер. Оџакот испумпува змии од црн дим, и нема шанси да се дознае што е тоа што гори. Минатата недела, вашето најстаро дете почна да кашла навечер. Другите ваши деца се болежливи и споро ги учат и наједноставните концепти. Никој од пријателите или семејството не може да ви помогне затоа што, чудно, скоро сите во вашето маало ги имаат истите проблеми.

Нашата економија е глобална исто како и загадувањето што го предизвикува.

Вие сте еден од отруените сиромаси, без глас и без надеж. Прописите што можат да се справат со овие услови никогаш не стапуваат во примена. Не можете едноставно да се соберете и да заминете во друг град – ви требале години да се издигнете до овој степен. А всушност, каде и би оделе? Сите села ја делат истата беда. Како и остатокот од обесправените во светот, сте станале само орудие во тековната војна на пораст.

Како да го решиме проблемот?

Нашата економија е глобална исто како и загадувањето што го предизвикува. Загадениот воздух во Кина сега може да се измери во други земји. Живата од рудниците и фабриките за јаглен може да се најде во рибите, а арсенот е пронајден во оризот.

Многу индустрии со висок степен на загадување се преселиле од развиените во сиромашните земји кои немаат доволно еколошки прописи и технологија да се справат и да ги подобрат хемикалиите. Еколошките технологии и зелениот пораст се можни за новите економии и можат да спречат декади на идно загадување што на сите ќе ни штети. Западните нации успеале во прочистувањето на загадувањето и сега можат да ги пренесат технологијата и средствата на земјите со низок и среден приход.

Од клучна важност е да се води сметка загадувањето да е во Целите на одржлив развој на Обединетите нации, коишто разгледуваат начини како да се постигне иден развој на одржлив начин, откако на актуелните Милениумски развојни цели ќе им истече рокот оваа година.

Давањето предност на превенцијата и елиминирање на загадувањето не само што ќе спаси животи, туку исто така ќе ги ублажи климатските промени и ќе ги намали заканите за биодиверзитетот. Ако се погледне во програмите на големите меѓународни организации, нискиот приоритет на загадувањето е застрашувачки, ако се земе влијанието во обзир. Можната причина за ова е недостигот на свесност, како и незнаењето каде да се почне со наоѓање решение за овој комплексен збир на проблеми.

Од клучна важност е да се води сметка загадувањето да е во Целите на одржлив развој на Обединетите нации, коишто разгледуваат начини како да се постигне иден развој на одржлив начин, откако на актуелните Милениумски развојни цели ќе им истече рокот, и вклучуваат теми како ставање крај на сиромаштијата, промовирање на одржливо земјоделство, обезбедување на праведно образование и други. Моменталниот нацрт не вклучува цел за загадување посебно, иако загадувањето е вклучено во целта на здравјето. Текстот, во под-цел 3.9, моментално повикува да се намали смртта и инвалидитетот предизвикани од сите видови загадување. Овој јазик мора да остане во конечниот текст, зошто Целите ќе ги дефинираат интернационалните и националните напори за годините што ќе следат.

Глобалната алијанса за здравје и загадување собира ресурси за да им помогне на земјите со низок и среден приход да се осврнат кон проблемите околу приоритетот на загадувањето. Покрај едукација за сите видови загадување, ГАЗЗ им помага на земјите да:

  • ги идентификуваат и проценат заканите на загадување, особено во загадените места
  • креираат планови за давање предност на дејства за решавање проблеми кои претставуваат најголем ризик за човекoвото здравје
  • спроведат решенија за да спасат животи.

Технологијата и знаењето за справување со заканите по здравјето и економијата се во рацете на богатите земји. Решенијата можат да се спроведат во земјите со низок и среден приход со само дел од вкупните средства што Западот ги троши да се справи со токсичние загадувачи останати од индустриализацијата.

Што значи дека загадувањето не е неизбежно. Тоа е проблем што може да се реши во нашиот животен век.

Ричард Фулер е претседател на Pure Earth (предходно Институтот Blacksmith) и член-основач на Глобалната алијанса за здравје и загадување. Споделува преку @BlacksmithInst.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.