Грчки владика осуден за поттикнување насилство против ЛГБТИ-луѓето

Катедралната црква Успение на Света Богородица во Калаврита, Грција. Фото: Матеј Бата (CC BY-SA 2.5) преку Викимедија Комонс.

На 28 јануари во Грција беше донесена историска пресуда со која Амвросиос, владиката на Калаврита и Егион беше условно осуден на седум месеци затвор од тричлен судски совет за говор на омраза, поттикнување насилство и злоупотреба на верска функција заради хомофобен напис што го објавил на интернет. Пресудата вклучува и парична казна од 10.000 евра, но владиката нема да оди во затвор доколку не го повтори делото во рок од три години, бидејќи не бил претходно осудуван.

Во март 2018 година првостепен суд иницијално ја отфрли тужбата поднесена на 16 јануари од девет ЛГБТИ активисти кои се повикуваа на грчкиот Закон против расизам.

Случајот се однесува на пост на блогот на владиката на 4 декември 2015 година, каде, додека во парламентот траеше дебата за правниот статус на еднполови заедници, тој ги повикувал верниците да „плукаат“ на хомосексуалците

„Не им се приближувајте! Не ги слушајте! Не им верувајте! Тие се проколнати од општеството!“ Амвросиос беснеел на блогот, опишувајќи ги хомосексуалците како „чудовишности на природата“.

Во својата изјава пред судот, Амвросиос го оспорувал авторитетот на судот. „Како на владика, овој суд не е надлежен да ми суди. И јас не можам да сфатам зошто денес сум обвинет за мојата љубов кон Христа“ рекол тој. Неговите адвокати велат дека тој ќе се жали до Врховниот суд да му ја укине пресудата.

Митрополијата на Калаврита и Ејалија објави обемна изјава за случајот, каде, меѓу другото тие предупредија:

Πλέον οι ομάδες των ομοφυλοφίλων ανεξέλεγκτα, ασύστολα και ανεμπόδιστα θα μπορούν να επιβάλουν προκλητικά τον τρόπο της ζωής τους, που δεν συνάδει με την οντολογία της ανθρώπινης φύσεως και το νόμο του Θεού.

Група хомосексуалци сега неконтролирано и безобразно ќе може да го наметнуваат нивниот начин на живот, што е некомпатибилен со онтологијата на човековата природа и Божјиот закон.

Историска пресуда

Адвокатката Клео Папапантолеон, дел од тричлениот тим кој ги застапува тужителите, ја нагласи важноста на судењето:

Δεν έχει σημασία η αναστολή, ούτε ενδιαφέρει αν καταδικάστηκε σε 7 μήνες, 7 ημέρες ή 7 χρόνια. Το θέμα ήταν να καταδικαστεί. Αυτή η απόφαση παράγει αποτελέσματα πολιτικά και παιδαγωγικά και γι’ αυτό έχει ιδιαίτερη σημασία.

Не е важно што пресудата е условна или тоа дали е осуден на седум месеци, седум денови или седум години. Важно беше осуден. Оваа одлука носи политички и педагошки резултати и затоа е од особена важност.

Грчкиот правник Никос Аливизатос исто така укажа на важноста во интервју на радио:

Είναι η πρώτη φορά στην ιστορία του ελληνικού κράτους που καταδικάζεται από πολιτικό δικαστήριο Μητροπολίτης. Είναι μια μεγάλη τομή. Καταδικάστηκε όχι μόνο για ρατσιστικό λόγο αλλά και για κατάχρηση εκκλησιαστικού αξιώματος. Αυτό δημιουργεί ένα σημαντικό δικαστικό προηγούμενο.

За прв пат во историјата на грчката држава, владика е осуден од граѓански суд. Ова е револуционерно. Беше осуден не само за раситички говор туку и за злоупотреба на црковната функција. Ова креира суштински законски преседан.

Ослободителната пресуда од првостепениот суд предизвикала масовна јавна осуда, особено откако Амвросиос пред судот се осмелил да каже дека „да имав пиштол и ако законот тоа го дозволуваше, ќе го употребев против нив“. Ултранационалистичката екстремно десничарска партија Златна Зора, од друга страна, тогаш објави ентузијастички напис, со кој го пофали судот што „го оправдал патриотскиот говор на Амвросиос, со кој ја брани Грција, православието, семејството и традиционалните вредности“.

На социјалните медиуми, јавноста претежно изрази одобрување на последната судска одлука, која многумина ја гледаат како чекор кон одвојување на државата од црквата.

Твитерџијата Марка сподели карикатура од Џон Антоно која ја критикува првичната ослободителна пресуда за потпалувачкиот говор на Амвросиос со повик за „плукање на нив“.

Божја правда!
Пресудата за владиката калавритски е плукање на Бог врз омразата која тој ја поттикнува во срцата на луѓето.
Тоа не е само плуканица, тоа е божја ‘рканица. #Амвросиос

Контроверзна личност

Претходно, Амвросиос многупати има предизвикувано реакции пореди неговите екстремистички расистички, фашистички и хомофобни ставови. Тој воопшто не ја криел својата поддршка за Хунтата на полковниците од 1967 година, а јавно ја промовирал грчката неонацистичка партија Златна Зора во деновите по убиството на антифашистичкиот музичар Павлос Фисас од страна на неонацисти:

Εγράψαμε παλαιότερα, ότι εάν η Χρυσή Αυγή διορθώσει μερικές ιδεολογικές τοποθετήσεις της και εάν επίσης διορθώσει μερικές περιπτώσεις ακραίας συμπεριφοράς ωρισμένων τουλάχιστον Μελών της, θα μπορούσε να αναδειχθεί η “γλυκειά ελπίδα” στους δυσχειμέρους τούτους καιρούς, τους οποίους διερχόμεθα! ΔΕΝ ΜΑΣ ΑΚΟΥΣΑΝ! Και να το αποτέλεσμα! Εισπράττουν πλέον την γενική κατακραυγή!

Претходно се изјаснивме дека ако Златна Зора би корегирала некои од нивните идеолошки позиции и неколку случаи на екстремно однесување од нивни членови, тиие би можеле да станат „слатка надеж“ во овие немирни времиња! ТИЕ НЕ МЕ СЛУШАА! Еве го резултатот! Тие сега се цел на јавна осуда!

Во јули 2018 година, во тек на катастрофалните пожари на Источна Атика, владиката гласно прокламирал дека „атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го предизвика гневот Божји“, повторно предизвикувајќи згрозеност на социјалните медиуми:

ΠΟΣΟ ΜΑ ΠΟΣΟ ΝΑ ΚΡΑΤΗΣΩ ΤΟ ΣΤΟΜΑ ΜΟΥ ΝΤΡΟΠΗ ΣΟΥ ΕΛΕΕΙΝΟ ΥΠΟΚΕΙΜΕΝΟ .ΕΣΥ ΕΙΣΑΙ Ο ΑΘΕΟΣ ΚΑΙ Ο ΥΠΗΡΕΤΗΣ ΤΟΥ ΠΟΝΗΡΟΥ ΠΟΥ ΤΟΛΜΑΣ ΝΑ ΠΑΡΟΥΣΙΑΖΕΙΣ ΤΟΝ ΘΕΟ ΣΑΝ ΝΕΡΩΝΑ ΚΑΙ ΝΑ ΠΑΙΖΕΙΣ ΜΕ ΤΙΣ ΨΥΧΕΣ ΚΑΙ ΤΟΝ ΠΟΝΟ ΜΑΣ ΝΤΡΟΠΗ ΚΑΙ ΣΕ ΟΛΟΥΣ ΠΟΥ ΤΟΝ ΑΝΕΧΟΝΤΑΙ . ΤΙ ΝΑ ΠΩ ΑΝ ΣΥΝΕΧΗΣΩ ΘΑ ΠΩ ΧΕΙΡΟΤΕΡΑ ΚΑΙ ΣΗΜΕΡΑ ΕΙΝΑΙ ΜΕΡΑ ΠΕΝΘΟΥΣ

Уште колку да молчам, срам да ти е, ти беден човеку. Ти си безбожникот и слуга на злото, кој се осмелува да каже дека Господ е „Нерон“ и да ги исмева нашите души и болка. Срамота за сите што го толерираат. Ако продолжам, ќе кажам и многу полоши работи, ама нема дека денес е ден на жалост.

Дури и неколку членови на Црквата изразија јавна осуда на неговите изјави:

ΣΚΑΣΕ ΕΠΙΤΕΛΟΥΣ. Είμαστε παπάδες και τα λόγια μας πρέπει να είναι ΑΜΒΡΟΣΙΑ και ΝΕΚΤΑΡ στις ψυχές των ανθρώπων

АЈДЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ, ЗАЌУТИ. Ние сме свештеници, нашите зборови треба да бидат како АМБРОЗИЈА и НЕКТАР за душите на луѓето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.