Зошто да се чека? Википедија и Гугл по грешка го прогласија Путин за победник на претседателските избори во март 2018 година

Путин не сакајќи е прогласен за победник на претседателските избори во 2018 година од страна на Гугл. Слика од екранот на Кристофер Молдес.

Претседателските избори на Русија се за два месеци, и иако има неколку кандидати, очекувањата се дека Владимир Путин лесно ќе обезбеди четврти мандат.

На 15 јануари, она што се чинеше како обид да се зачува време или да се прескокне драмата од која се грицкаат нокти при броење гласови на изборната вечер, Гугл го прогласи Путин за победник на изборите во март 2018 година.

Пребарувањето на руски јазик на Гугл за „избори 2018“ резултираше со вообичаената слика од соодветниот натпис од Википедија. Под „победник“ стоеше портрет од Владимир Путин, како што се гледа погоре.

Оваа чудна грешка се појави благодарение на технологијата за пребарување на Гугл, која понекогаш дава информации кои се наменети за одговарање на прашањето на корисникот. Со вакви пребарувања, таквите информации вообичаено доаѓаат или од Википедија или од официјални владини веб-страници кои Гугл ги смета за веродостојни.

Но во овој случај, написот на руската Википедија за изборите во 2018 година беше сѐ, освен веродостоен.

Станислав Козловски, директорот на рускиот оддел на Викимедиа, компанијата-родител на Википедија, ја објасни грешката во коментар за РБЦ, руска веб-страница за бизнис-вести:

Неизвестный дописал фамилию Путина в преамбулу статьи о выборах, после чего поисковик индексировал ее и отобразил в выдаче новый вариант.

Некој го додал името на Путин во преамбулата на написот за изборите, и потоа механизмот за пребарување го завел и ја прикажал новата варијанта во своите резултати.

Викимедиа е позната по својот модел на извори од јавноста, преку кој корисници-волонтери можат да направат важни статии по комплетирањето на анкетниот процес. Иако тие варираат од јазик до јазик, сите страници на Википедија имаат поставено стандардни процедури за да се спречат грешки како оваа. Но изгледа, овие процедури не биле проследени на руската верзија на страницата. Дали грешката беше шега, или политички потег, не се знае.

Грешката беше поправена во рок од 20 минути, но ова беше повеќе од доволно време за да се рашират неколку смешни реакции, како оваа иронична референца:

Некој нека му се јави на сенаторот Пушков. Со помош на Гугл, Американците ни вмешаа прсти во изборите, и ставија кандидат кој е соодветен за нив.

Алексеј Пушков, руски сенатор кој е дел од Советот на Комитетот на Федерацијата за одбрана и безбедност, е познат по неговите чести и агресивни твитови за негирање на обвиненијата за мешањето на Русија во работите на другите земји и за напаѓање на странското (посебно од САД) мешање во работите на Русија.

Веројатноста дека многу корисници го зеле ова здраво за готово е мала, но инцидентот симптоматично укажува на некои многу поголеми проблеми.

Со ова се поставува прашањето како Гугл одлучува кои извори се доволно веродостојни за да бидат толку приложувани и да служат како одговор на прашања поставени при пребарување. Иако Википедија е посилен и понеконтроверзен избор од кој било познат медиум, сепак е склона кон грешки како овие. Официјалните владини веб-страници исто така можат да понудат искривени верзии на фактите. Оваа грешка можеби ќе го натера Гугл повторно да се помисли за тоа дали овој тип на приложување може да предизвика повеќе проблеми отколку што решава.

Под претпоставка дека Гугл и други пребарувачи ќе продолжат да прикажуваат резултати на ваков начин, инцидентот исто така покрена прашања и за довербата во интернет платформите кога станува збор за вести и информации. Голем процент на млади Руси го користат Интернетот за вести, иако во помал број во споредба со населението како целина, кое сѐ уште на големо има доверба во телевизијата.

Како што продирањето на Интернетот се зголемува во Русија, може да се очекува дека овие бројки ќе се покачат. Од Бразил, до Индонезија, до САД, сѐ повеќе и повеќе луѓе од сите возрасти почнуваат да се префрлаат или веќе се префрлени на интернет платформите како нивен главен извор на вести и информации. Ова значи дека луѓето повеќе ќе очекуваат од за резултатите од пребарувањата, новостите на друштвените медиуми, и други алатки за давање информации да ни дадат точни информации за светот околу нас. Ако нешто толку просто како грешка на Википедија може да отпочне синџир од погрешни информации за нешто толку важно како претседателски избори, тогаш ќе има уште проблеми во иднина.

Како одговор на полемиките за потребата од борба против дезинформации и „лажни вести“, медиумскиот аналитичар Нина Јанкович предлага да му се пријде долгорочно на проблемот и да се притиска за развој на вештините за критичкото мислење на корисниците.

Ова можеби ќе успее, а можеби и не, во зависност од тоа каде некој живее и како тој некој е научен да го користи интернетот. Но за среќа, за секој што налетал на овој резултат при пребарувањето, не беше потребно многу критичко мислење за да увиди дека ова не беше ништо друго, туку само една голема грешка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.