САД: Српска двојка се бори да си ги врати децата

Една двојка во САД со српско потекло, Вук и Верица Настич поминуваат низ пекол од јуни 2010, кога американската служба за заштита на децата (СЗД) им ги одзеде нивните деца, синот Дамјан (8) и ќерката Настасија (5), поради негрижа и сексуално злоупотребување.

Според српските медиумски извештаи, драмата започнала кога биле пронајдени фотографии во лаптопот на Вук на кои биле голи неговите деца, по што полицијата и СЗД претставници упаднале во куќата на Настич, во Калифорнија. Тие ги уапсиле Вук и Верица и ги одвеле во затвор, додека децата биле испратени да живеат посвоени прво со мексиканско, а потоа со арапско семејство.

На крај, Вук Настич беше ослободен со кауција од 18 000 долари; неговата жена беше ослободена 6 дена подоцна.

Според изјавата дадена од семејството Настич, фотографиите биле направени од малиот Дамјан кој сликал играјќи си со фотоапаратот додека неговите родители биле на долниот кат.

На први септември, адвокатите на семејството Настич и СЗД потпишаа договор според кој Настич биле одговорни за негрижа (бидејќи дозволиле нивните деца да користат фотоапарат), додека пак останатите обвиненија беа отстранети.

Настич најмија тим на српски психолози, кои испратија писмо до калифорнискиот суд објаснувајќи ги културните разлики помеѓу Србија и САД: „Во нашата култура децата се третирани како целосно асексуални и не е невообичаено ако децата се бањаат со нивните родители“. Нема ништо чудно што тие биле фотографирани и јас верувам дека секој има вакви слики (фотографирани голи како деца) во своите семејни албуми или од нивните деца. Не предизвикува никакви еротски чувства, тие се перципирани како мали дечиња.“

Членови на Фејсбук групата „Поддршка на семејството Настич“ ги повикуваат луѓето да поставуваат свои голи слики од детството како еден вид на јавна одбрана. Некои поставија слики и од своите деца.

Марина Маркович објави 3 свои фотографии од детството:

Јас кога имав 6 месеци и кога имав 4 години…

Таа исто така објави подбивно предупредување за видео поставено на Јутјуб каде се снимени две американски деца во када.

Дубравка Грмуша Хое објасни:

Тие не само што се голи, туку тие исто така си играат со пластичен прибор за јадење во водата каде што најверојатно и се измочале. Само замислете си што би се случило ако се лизнат (бидејќи не забележувам крпа или нешто слично под нивните задници) и ги голтнат ножот и виљушката. Родителите би требало да бидат уапсени за ова. Но, тие се „американски“ родители…

Бони Мацанович сподели искуство слично на случајот на семејството Настич:

Јас живеам во САД 20 години и еднаш ми ги одзедоа децата. Ја уапсија мојата сопруга бидејќи го однела детето на работ на метро платформата за да им покаже како изгледаат пругите. Тие ја ослободија истата вечер бидејќи јавниот обвинител го распушти случајот бидејќи бил неоснован, но социјалните работници ја ставија нашата куќа под опсада неколку дена се додека јас не повикав адвокат од „Граѓански права“. Ние им плативме 850 долари и тие ги заплашија нив (социјалната служба) и потоа случајот беше затворен.

Мира Попович- Кесер не беше изненадена од приказната, но не можеше да ги сокрие своите лоши чувства:

Навистина ужасно! Би било тешко да пронајдете фото албум во Србија или поранешна Југославија без такви слики, особено син кога се родил. Татковците се горди на децата! Но, на овој американски континент многу ризикуваш доколку го удриш своето дете, а камо ли нечие друго дете… Болни и перверзни луѓе, без емоции, стравови… Србија треба да биде вклучена во овој случај да го заштити семејството Настич.

По шест месеци молчење, српските највисоки власти се вмешаа.

Српскиот претседател Борис Тадич лично се ангажира во разрешувањето на овој проблем, третирајќи го како проблем од највисоко дипломатско ниво. Вук Настич напиша писмо за благодарност до претседателот.

Истовремено, луѓето кои сметаат дека фотографирањето на голи деца не треба да се нарекува култура и традиција исто така реагираа.

Наташа 23 напиша:

Не се знае што точно и каде се случило, но ако седумгодишно момче си ја фотографира својата четиригодишна сестра додека се бања во када во присуство на таткото, тоа за мене не е нормално и е многу далеку од култура.

КРИСТИНЕАМНОТЕ праша за ова на форумот СербианКафе :

Каде сте виделе во Србија или во екс Југославија големо момче да ја фотографира својата гола сестра и родители да фотографираат големи голи момчиња? Сите ние имаме 1-2 фотографии на кои сме биле голи бебиња, фотографирани од нашите родители додека се бањаме во пластично корито, но фотографирање на пораснати деца не е нормално. Изгледа „културната разлика“ не е баш таква.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.