Васил Буралиев блогираше за понатамошни подобрувања на Скопската зоолошка градина, за која Глобал војсис пишуваше во 2010 година (en, mk, sq, nl, zh, zh, es]. Тој напиша:
Имам чувство дека многу повеќе ги забележуваме лошите работи што ни се случуваат, за кои многу повеќе сме расположени да коментираме и секој од нас да нуди некакви решенија за проблемите, а оние убавите се игнорираат со премолчано образложение дека тоа некому му е работа и се очекува да ја направи добро и дека за тоа зема плата и нема потреба од посебно забележување и пофалби…