Донирајте за Глобалните гласови (Global Voices)!

2011та беше извонредна година за онлајн содржините. Global Voices (глобалните гласови) ги покриваше револуциите како што започнуваа, диктатурите кои се рушеа и со помош на мрежата овие информации се пренесоа до градовите и населбите на нашите соработници, кои известуваат од целиот свет.

Да ја прославиме оваа извонредна година за нас, заедно со нашите пријатели од Morningside Analytics, создадовме постер кој ги визуелизира “внимателни кластери” од блогери кои линкуваат до Global Voices и цитираат слична онлајн содржина. Фотографијата која е резултат од оваа активност го прикажува делокругот на заедницата на Global Voices и го претвара во уметност, со што се комеморира една важна година во историјата и влијанието на граѓанските медиуми. Постерот е достапен на секој кој ќе донира 25 долари или повеќе. Резервирајте ваша копија преку овој линк. Ние ќе ви го испратиме постерот во јануари 2012.


Дури и да не сакате постер, би сакале да ја добиеме вашата поддршка. Регуларните донации се ослободени од данок во САД и може да се извршат преку нашата страница за донирање. Исто така, може да не поддржете и со тоа што ќе го споделете овој пост со вашите мрежи на пријатели, роднини и колеги!

Global Voices е зедница од волонтери со преку 500 автори, преведувачи и активисти, кои ви пренесуваат приказни и конверзации од целиот свет, кои не се покриени од другите медиуми. Погледнете го нашето ново видео во кое се прикажани фотографии и цитати од некои од нашите поддржувачи:

Global Voices е центарот на навистина глобална конверзација и вашата поддршка ни помага во тоа. Ви благодариме!


Exit mobile version