Одржана средба со Global Voices во Скопје

На 30ти ноември во просториите на ГЕМ клубот, во Скопје, се одржа средба на членовите и поддржувачите на Global Voices. 

На средбата присуствуваа како дел од веќе постоечките, активни членови на заедницата, така и личности заинтересирани за приклучување кон активностите на Global Voices.

Во текот на средбата се дискутираше на повеќе теми, од кои најголем акцент им се даде на идеите за подигнување на активноста и функционалноста на едно уште повисоко ниво, се споделуваа искуства, совети и трикови за успешно споделување и уредување на написи, се дискутираше за начините на успешна промоција на страницата, се договараа следни средби и се разбира се дискутираше на актуелните вести и теми од светот.

Во продолжение може да погеднете неколку фотографии од одржаната средба.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.