Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) е една од малкуте медиуми кои известија за нападот на прославата на втората годишнина на ЛГБТИ центарот за поддршка во Старата чаршија во Скопје. На 23 октомври 2014 година дваесетина маскирани млади мажи ги нападнале учесниците на прославата и го вандализирале локалот.
„Хулиганите влегоа во кафулето и почнаа да фрлаат се, како шишиња, гајби… Тоа беше стампедо. Една девојка беше повредена и однесена во брза помош. Сега е добро и се опоравува…“ изјавила Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
Амбасадорката на Холандија во заминување, Мариет Шурман, со БИРН зборуваше за користењето насилство „како инструмент за заплашување и замолчување на луѓетокако инструмент за заплашување и замолчување на луѓето“ во Македонија, особено изразувајќи длабока загриженост за тоа колку таквите практики станале општествено прифатливи.
Според неа, Македонија има сериозен проблем со владеењето на правото бидејќи: „граѓаните веќе не се чувствуваат заштитени од страна на властите кои според Уставот би требало да ги штитат нивните права, а особено правата на малцинствата…“.