„Читајте!” слика од корисникот на „Фликр“ carnagenyc. CC BY-NC 2.0
Во „Глобал војсис“ нашата заедница истражува, пишува, уредува и преведува приказни со цел да ги поддржи човековите права и да гради мостови на разбирање низ земјите, културите и јазиците.
Ние не објавуваме само за да привлечеме внимание или за да следиме тренд на вести. Ние, всушност сакаме да следиме како нашата макотрпна работа влијае низ светот.
За таа цел, една корисна метрика е како читателите реагираат на нашите приказни и преводи. Па ајде да видиме, кои биле нашите читатели и што им го привлекло вниманието за време на седмицата од 5-11 февруари 2018 година.
Каде низ светот се чита „Глобал војсис“?
Минатата седмица, нашите приказни и преводи привлекоа читатели од 195 држави! Првите 20 држави претставени низ сите сајтови на „Глобал војсис“ беа:
Топ 20-те држави по читање за време на седмицата од 5-11 февруари 2018 година. Модификувана верзија на мапа од Роук. CC-BY-SA 3.0
Соединетите Американски Држави
Канада
Јапонија
Mексико
Бразил
Франција
Обединетото Кралство
Шпанија
Колумбија
Филипини
Индија
Италија
Германија
Русија
Тајван
Бангладеш
Индонезија
Aргентина
Перу
Maдагаскар
„Глобал војсис“ на англиски јазик
Најголемиот дел од оригиналната содржина на „Глобал војсис“ прво се објавува на страницата на англиски јазик. Топ 5 најчитани приказни од минатата седмица беа:
Лингва е проект кој преведува статии од „Глобал војсис“ на други јазици, не само на англиски јазик. Има околу 30 активни Лингва страници. Подолу е минатонеделната најчитана статија или превод на секоја активна страница.
水の乏しい国だったイスラエル、今や水の豊かな国となる („Израел, една од најсувите земји во светот, сега е преполн со вода”, првично објавено во 2016 год.)
Kорејски
日 유명 언론인 성폭행 피해자 위한 인터넷 지지 물결 („Хаштаг како знак за поддршка на жртвите започна на јапонскиот дел од „Твитер“ по обвинувањето на одликуван новинар за сексуален напад“, првично објавено во 2017 год.)