Свирење за промена не е само за креирање и дистрибуирање на музика, туку нивната фондација (PFCF) има креирано и одржува музичко училиште во Гудулету и центар за уметност во Јоханесбург во Јужна Африка, како начин за овозможување на образованиена младината во заедницата и тие исто така тие го одржуваат тибетскиот центар за бегалци во Индија и Непал.
Трејлерот во кој е вметната песната Stand by Me, која е изведувана од музичари од различни делови на светот, се прошири уште пред неколку месеци, а сега се враќа со целосната приказна за тоа како музиката може да ги избрише границите:
Исто така може да го видите продолжениот трејлер за документарецот:
Проектот не е единствен од ваков тип, авторот Сузан Лехн ни кажа за виртуелен симфониски оркестар на YouTube, во кој може секој да учествува:
YouTube оркестрира возбудлив нов колаборативен проект: ги поканува музичарите од целиот свет на онлајн аудиција за да бидат дел од првиот светски виртуелен симфониски оркестар. Аматерите, како и професионалците, имаат можност до 28 јануари 2009 да ги преземат песните и да постават видеа од нивната изведба.