Јемен: Причини зошто Салех доцни!

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Јемен во 2011 година.

Твитерџиите се забавуваат хаштагот #ПричиниЗоштоСалехДоцни додека го чекаат говорот на претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, следејќи извештаи во кои се вели дека можеби е повреден кога Претседателската палата во Сана беше нападната претходно тој ден.

Tвитерџиите си играа со  слични хаштагови кога говорот на соборениот претседател Хосни Мубарак беше одложен- #ПричиниЗоштоМубаракДоцни

Ибн Адем напиша:

#ПричиниЗоштоСалехДоцни е поради тоа што неговиот шминкер сеуште работи на неговите повреди на лицето.

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех. Слика од Американската влада, достапна во јавниот домен.

 

Maрва_Г_Х дава духовит одговор:

#ПричиниЗоштоСалехДоцниميعاد القااااااااااااااااااااااات…. استنوا شوية #Јемен
Зема ќат .. почекајте малку

Ќат е стимулаторна дрога, од која многу луѓе во Јемен, особено на северот, се зависни. Истражувањата покажуваат дека во Јемен, 80 проценти од мажите и 45 проценти од жените се корисници на ќат, кои го џвакаале ќат секојдневно долг период од нивните животи.

Во друга Твитер порака, таа пишува:

#ПричинаЗоштоСалехДоцни е поради тоа што е мртов …. го чекаат неговиот двојник да пристигне #Јемен

Таа продолжува:

#ПричиниЗоштоСалехДоцни بيغش من خطاب مبارك #Јемен
Тој фаќа измамнички забелешки од говорите на Мубарак

@Логикер дава разумна причина велејќи:

#ПричиниЗоштоСалехДоцни е имитирање на #Mубарак во вистинскиот живот и во рамките на хаштаговите на Твитер 😉

И  додава:

#ПричиниЗоштоСалехДоцни глуми дека е недостижен како и повеќето други#Aрапски диктатори.

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на  Протестите во Јемен во 2011 година.

Exit mobile version