Индија: Милијарда луѓе во Индија ја слават победата на Светскиот куп во крикет

Во сабота, на 2 април 2011 година, индиските играчи во сино ја креираа историјата на стадионот Мумбаи Ванкеде кога ја победија екипата на Шри Ланка и триумфално го кренаа трофејот на Светскиот куп во крикет. Индискиот капитен ги освои последните шест поени, Индијците и дома и на гости победија со стил со што го кренаа долго очекуваниот трофеј.

Еве неколку фотографии од саботата. Нека сликите ви ја раскажат нивната приказна.

Толпа го гледа натпреварот во трговски центар во Шенаи.

Фотографија на Фликр корисник Ракеш Ашок употребена под  Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без изведени дела 2.0.

Екипата на Индија се новите шампиони!

Фотографија од Фликр корисник Еустакио Сантимано, употребена под  Криејтив Комонс Наведи извор 2.0.

Фанови навиваат од мотори и автомобили во Рајкот славејќи ја победата на Индија. Слика на Деварши Патхак. Авторско право на Demotix.

Индиски фанови слават на улиците во Мумбаи. Фотографија на Ариндам Деј. Авторско право на Demotix.

Славење на улиците во Делхи откако Индија го освои светскиот куп по 28 години, поразувајќи ја Шри Ланка во финалето. Фотографија на Шарбенду Де. Авторско право на Demotix


…и фанови слават на други делови во светот. Од Њујорк (сликата погоре) до Трафалгар плоштадот  (сликата подолу), индиските фанови славеа насекаде.

Слика на Фликр корисник ccho, употребена под Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без изведени дела 2.0.

Индиски крикет фанови го носат знамето на Индија за време на славењето на Трафалгар плоштадот. Слика на Бехзад. Авторско право Demotix.

Exit mobile version