Бахраин: Протести ја блокираат зградата на Националното собрание

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа околу протестите во Бахраин во 2011

Во понеделник наутро анти-владините демонстранти ја блокираа зградата на Националниот совет во која парламентот и консултативниот совет ги одржуваат неделните седници. Причина за протестите спроти националното собрание, покрај барањето за нов устав и за паѓање на режимот, е и барањето да падне дводомниот систем.
Националното собрание се состои од 40 членови на парламентот избрани од народот и од други 40 членови на Консултативниот совет Шура, избрани од кралот.

@Nabeelrajab #Бахраин #14 фев. في تطور نوعي المتظاهرون يحوطون بمجلس الشورى والنواب في البحرين

Според најновите случувања, демонстрантите ја заобиколиле зградата на Националниот совет во Бахраин.

@DrFAHAD3500 400 демонстранти пред главната врата на парламентот… што треба да работиме, по ѓаволите!!!


Демонстрантите го блокираат влезот на зградата на Националниот совет во Манама. Куртоазен поглед на Бахраин, онлајн

@bahrain14feb @manamavoice1 صوت المنامة #14Феб #Бахраин فيديو ٢ لإغلاق شباب ١٤ فبراير بوابة مجلس الشورى http://www.youtube.com/watch?v=w0n-jhLD-Cs

Видео снимка од февруари на која 14 млади го блокираат влезот на зградата на советот Ал-Шура

Видео снимка прикачена од корисникот на Јутјуб manamavoice1

Персоналот на советот Ал-Шура направи пријателски гест и им донесе вода на демонстрантите

@manamavoice1 #14Фев #Бахраин مجلس الشورى يوزع الماء علي المحتجين والشباب يرد عليهم شكرًا لكم http://yfrog.com/gy48sypj

Персоналот на советот Ал-Шура им носи вода на демонстрантите надвор од зградата на Националниот совет

Советот Ал-Шура им носи вода на демонстрантите и младите велат „фала“

Иако некои репортери рекоа дека само осум од 40 членови на советот Шура присуствувале на седницата, други рекоа дека советот Шура одлучил да одржи вонредна седница за да ја дискутираат моменталната ситуација во земјата.

@manamavoice1 #14 фев. #Бахраин يوجد حاليا في مجلس الشورى فقط ٨ اعضاء وصدر قرار من المجلس غلق الأبواب ومنع دخول اي احد ومن المتوقع ان تلغى الجلسة

Моментално се присутни само осум членови и донесена е наредба да се затворат вратите и да не се дозволи никому да влезе во зградата, при што седницата најверојатно ќе се одложи.

@ifowzan مجلس الشورى ينهي جلسته بقرار عقد جلسة استثنائية يوم الأربعاء لمناقشة الأوضاع في البلاد ورفع توصياته الى طاولة الحوارالوطني..

Советот Шура ја затвори седницата со одлука да одржат вонредна седница во среда на која ќе дискутираат за моменталната ситуација во земјата и ќе постават прашања и ќе дадат предлози за претстојниот национален дијалог.


Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа околу протестите во Бахраин во 2011.

Exit mobile version