Во „Глобал војсис“ нашата заедница истражува, пишува, уредува и преведува приказни со цел да ги поддржи човековите права и да гради мостови на разбирање низ земјите, културите и јазиците.
Ние не објавуваме само за да привлечеме внимание или за да следиме тренд на вести. Ние, всушност сакаме да следиме како нашата макотрпна работа влијае низ светот.
За таа цел, една корисна метрика е како читателите реагираат на нашите приказни и преводи. Па ајде да видиме, кои биле нашите читатели и што им го привлекло вниманието за време на седмицата од 19-25 февруари 2018 година.
Минатата седмица, нашите приказни и преводи привлекоа читатели од 209 држави! Првите 20 држави претставени низ сите сајтови на „Глобал војсис“ беа:
1. Соединетите Американски Држави
2. Франција
3. Бразил
4. Mексико
5. Jaпонија
6. Шпанија
7. Италија
8. Колумбија
9. Филипини
10. Обединетото Кралство
11. Германија
12. Индија
13. Tајван
14. Канада
15. Русија
16. Eквадор
17. Aргентина
18. Индонезија
19. Бангладеш
20. Перу
Но, ова е само мал дел од различноста на нашите читатели. Ајде да го искористиме „Вистинскиот генератор на бројки по случаен избор“ од Random.org и да видиме и други земји на листата:
129. Литванија
94. Гана
31. Maкедонија
191. Коморски острови
75. Јордан
Најголемиот дел од оригиналната содржина на „Глобал војсис“ прво се објавува на страницата на англиски јазик. Топ 5 најчитани приказни од минатата седмица беа:
1. „Дали останатите знаат дека постоиме?“ – Сведоштво на една медицинска сестра од опсадената источна Гута во Сирија
2. Хана Мунси стана првиот трансродов играч во женската австралиска фудбалска лига
3. Тринидад и Тобаго конечно го добија своето „Стјупс“ емоџи
4. Сите филмови од Советскиот Сојуз кои добиле Оскар се легално и бесплатно достапни онлајн
5. Цензурата во Србија доживеа уште еден пад откако весник „уреди“ некролог
Лингва е проект кој преведува статии од „Глобал војсис“ на други јазици, не само на англиски јазик. Има околу 30 активни Лингва страници. Подолу е минатонеделната најчитана статија или превод на секоја активна страница.