Учеството на светските лидери на Парискиот марш предизвикува бран од критика

Je suis Charlie Sheen. One of the many memes which surfaced online after the attack on Charlie Hebdo in Paris last week

Je suis Charlie Sheen. Ова е едно од повеќето мемиња кои се појавија на Интернет по нападот врз Чарли Хебдо. 

Кога се критикува нешто банално, луѓето се обраќаат кон сарказмот, а интернетот значително го забрзува тој процес. Месецов, многу интернет корисници одговорија на слики од светски лидери присутни на Парискиот марш против тероризам со бран од критика и мемиња наменети да ги пренесат нивните чувства на лутина, фрустрација и недоверба.

Повеќе од 40 светски лидери учествуваа на настанот одделно од обичните демонстранти. Повеќето од пристуните достоинственици дојдоа од земји со свои проблеми со тероризам и човекови права. Ако го додадеме на ова бесот на јавноста поради нападот на сатиричното списание Чарли Хебдо и нападот на прехранбениот супермаркет, кој резултираше со 17 смртни случаи, не е тешко да се разбере зошто онлајн атмосферата е толку напната.

Симпсонови! (Споделено анонимно.)

Ахмад Ал-Нимер, од Рамалах, Палестина, укажува на лица кои тој смета дека недостасуваат на Парискиот марш, како Јосиф Сталин, Адолф Хитлер, Муамер Гадафи и врховниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Зијад Киле на Фејсбук споделува малку сириски хумор, сугестирајќи дека од перспектива на сириско јавно лице, единствени легитимни маршeви се оние кои го слават сирискиот диктатор Башар Ал Асад. На крајот на краиштата, кои други маршeви би биле возможни?

Зијад Киле сподели на Фејсбук. Те сакаме, Башар!

Шериф Азер го замислува поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак како ја поздравува париската толпа:

Шериф Азер сподели на Фејсбук. Мубарак вели „Здраво“.

Интернет корисниците не го пропуштија ни фактот дека повеќето од овие светски лидери се самите осомничени за вршење терористички акти и други многубројни криминални дела.

Терористи против тероризам. (Споделено анонимно.)

„Дефиниција за лицемерие“ и инфографика. Споделено од @carlosezln и други на Твитер. (Споделено анонимно онлајн.)

Мухамед Калид го сподели ова на Фејсбук. Марш против тероризам?

Кај одзумираните фотографии од Парискиот марш и поворката на лидерите, поделбата помеѓу политичарите и општата маса е лесно видлива:

Democracia real YA! Madrid го сподели ова на Фејсбук. „El Pueblo y los Hipócritas“-„Луѓето и лицемерите“

Кога би ги виделе политичарите овие мемиња инспирирани од нивното „учество“ на Парискиот марш, којзнае што би си помислиле?

Exit mobile version