Десетте финалисти беа од различни региони од Шпанија, Бразил и Колумбија. Победничкото видео кое следи: The Recicleta покажува како животот без еколошки средства може да резултира со драстични, но неизбежни дејствија.
Следниве видеа се некои од останатите финалисти. Следното видео е под наслов Plastic и потекнува од Сарагоса, Шпанија. Тоа на шеговит начин ни покажува како обичните пластични кеси можат да го преземат нашиот дом. Во стан можеме да ги однесеме нашите торби било каде, но од планетата не можеме да ги преселиме.
Individual Choice од Бразил беше исто така во борба за наградата. Тој ни покажува како сите одлуки кои ги донесуваме дневно, можат да бидат подобрени или променети за да бидат еколошки поодговорни:
На оваа страна можете да го видите остатокот од видеата и да дознаете е повеќе за нивниот концепт и нивните автори.