Колку ли е тешко, прашува Чен Зикун, блогер и независен новинар, во неговиот пост на 6ти август, за кинеските патници да добијат виза? Неговиот одговор е очигледен: не многу тешко, по што ги споделува приказните за визите кои ги добил за некои од многуте земји во кои патувал.
Пред да аплицирам за виза за моето прво патување надвор од Кина, бев среќен и под импресии од фактот дека потекнувам од земја со брз економски развој, а дополнително со надуените написи од медиумите како CCTV (централна кинеска телевизија) кои во своите извештаи често ги класифицираат кинеските туристи како најголеми потрошувачи на луксузни добра. Не можев да се чувствувам подобро. Кина веќе научи како да каже не, а веројатно не постои земја која не би ме дочекала со насмевка, а не па да ми здодева со визни збрки.
Доцната есен 2003та, аплицирав за мојата прва виза која беше за Австрија, земја во шенгенската зона. Ми побараа потврди за посед на имот, кола, потврда од банка за посед на повеќе од 50,000 (јуани), писмо од моето работно место со потврда дека мојата годишна плата е поголема од 100,000 јуани, како и гаранција дека ќе се вратам во Кина и дека нема илегално да останам по истекот на визата. Исто така, беше потребен детален и прецизен документ на мојата фамилијарна лоза од минатите 8 генерации….
Моето второ патување беше во Египет и Турција, долго презираната земја од страна на Европската унија. Влезот во Египет беше релативно едноставен, но тоа не значи дека не поминав низ низа од предусловни процедури. Мислев дека Турција ќе биде поразумна во однос на визите, со оглед степенот на дискриминација извршена врз неа. Испадна дека, поранешната Отоманска империја е исто толку арогантна со државјаните на Кина, како што е со земјите кои припаѓаат на Европската унија.
Сепак, не брзајте да ги судите странците. Дури и нашите Хонгконг и Макао бараат да поминете строга процедура пред да добиете виза. Административните документи и процедури се исто толку комплицирани и детални, како што се и во другите земји, а уште позначајно е дека откако конечно ќе влезете во државата, ќе бидете пречекани со студени погледи или злоупотребени од страна на туристичките водичи.
Втората земја од шенгенската зона за која побарав виза беше Франција. Како и обично, бараа голем број копии од документи и финансиски потврди и повторно требаше да се заколнам дека нема да останам по истекот на визата.
Бидејќи сме браќа во иста несреќа, Виетнам е попријателска земја. Не проверуваат колкав капитал поседувате и дали ви е доволно стабилна работната позиција, само ја плаќате сумата потребна за виза и сте слободни!
Иако Американците се свесни дека Кинезите се многу паметни, знаат дека никој од нас не би се обидел да го користи Сајпан (најголемиот остров на Тихиот океан раководен од САД) како премин кон американското тло. Затоа апликациите за визи на островот се релативно отворени, но сепак работната потврда е задолжителна.
И покрај тоа што едно време делевме ист политички систем, Русија направи неколку обиди за да ја олесни процедурата за влез на кинески граѓани, се додека не стана јасно дека со секој обид, огромен број кинези заминуваа без да се вратат. Резултатот од овие стегања и опуштања на визниот режим се процедури кои само маргинално построги од оние на ЕУ и во нив се вклучени нотарски документи и потврди за идентитет!
Интимната Северна Кореја не обрнува многу внимание кон докази за посед на кинеските патници но, затоа врши строга проверка на професијата. Новинари, воопшто не помислувајте на патување! Меѓутоа, туристичките агенции во потрага по поголем профит, најдоа начин да ја заобиколат оваа пречка со менување на работниот статус во „инструктор“ или „управител“. Единствено разочарување е што на визата не добивате слика од Големиот Водач (Ким Ил Сунг) или со годината џуче од Грегоријанскиот календар, симболи препознатливи за оваа земја.
Вратите на Малезија се широко отворени, освен строгата контрола на вашата кинеска жена (голем број сексуални работнички се активни во Малезија, што ги замешува дури и најчесните кинески жени). Сличен е и случајот со Сингапур, макар што е потребен и доказ за задоволителен баланс на вашата банкарска сметка. Визите ги добивате во форма на посебен документ, а не на страница во вашиот пасош.
Тоа што поставивме наши сограѓани за нивни министри за надворешни работи, одбрана и ја користат нашата валута, служи за наша утеха. Со “One-China policy” (Политика на една, единствена Кина), да се оди во Тајван е многу покомплицирано од одење во која било друга земја. Барем до 2004та година, кога влезот за Тајван беше формално отворен.
Тајванските визи се различни од останатите бидејќи се испишани со цитати од Taiwan's visas are different from most, covered in sayings from Ли Тенг Хуи. Сепак, ова се „посебни билатерални“ односи. За среќа, јас не сум војник или официјален член на политичка партија, па одобрувањето за виза го добив лесно. Но, ако одите во Тајван ќе треба да влезете од Хонгконг или од друга земја.
这个第三国就选择了菲律宾。这个东南亚唯一的天主教国家,没有调查我的财产和职业。
Како трета држава, ги одбирам Филипините. Тие се единствената католичка земја во североисточна Азија и ни мојот посед, ниту професија беа проверувани пред да влезам.
韩国与朝鲜的签证区别明显,首尔机场人员见到我的朝鲜签证时,惊讶地问:我可以用手机拍照吗?
Разликата меѓу визите од Северна и Јужна Кореја е очигледна. Кога аеродромските работници во Сеул ја видоа мојата виза за Северна Кореја, ме прашаа дали може да ја фотографираат со своите мобилни телефони.
柬埔寨既不担心中国记者的“负面报道”,更不害怕中国黑工的“非法滞留”。甚至落地再办理签证也来得及。
Камбоџа не се грижи за „негативните извештаи“ од кинеските новинари, а дефинитивно не е загрижена за кинеските граѓани кои илегално остануваат или работат. Визата може да ја добиете дури и по стигнувањето.
经常被国际社会谴责践踏人权的缅甸军政权,与朝鲜有很多相同之处——都不欢迎喜欢追求真相的新闻记者。
Со воениот режим кој е толку често критикуван од Меѓународниот совет за човекови права, Мјанмар има заеднички интереси со Северна Кореја: ниедна од овие две земји не сака новинарите да тргнат во потрага по вистината.
Тајланд припаѓа на една мала група држави за кои лесно може да добиете виза, дури и кога армијата на црвените кошули предизвикува безредие. Иако немам некој посебен интерес за патување во Тајланд, Бангкок е главно превозно средиште од кое може да летате до Јангон во Мјанмар, Коломбо во Шри Ланка, Џакарта во Индонезија и многу други места.
2005年。印度尼西亚还不对中国公民个人发放签证,必须多花一倍的钱委托旅行社办理才成。
Во 2005та, Индонезија се уште не даваше визи за кинески граѓани, освен ако не сакате да платите 100 пати повеќе од регуларната цена за виза, на туристичка агенција која ќе се погрижи за вашите документи.
Африканската нација на Сејшелите, слично како и онаа на индискиот океан, Маврициус, ги ослободува кинеските граѓани од виза. Единствено што добивате е печат на пасошката контрола. Сепак, кога кинези ја преминуваат границата, инспекцијата е поголема од обично.
Покрај фактот дека Африка е исполнета со земји чии народи ги доживуваме како браќа, би помислиле дека секој со кинески пасош нема да биде подложен под никаква дискриминација. Не, изгледа дека сонот за супер-моќ е уништен дури и во црната Африка! Танзанија и Кенија беа еднакво строги во барањето, мојата апликација да биде процесирана во нивните амбасади во Пекинг пред да ја напуштам државата. За среќа, успеав да се „бутнам“ во Уганда. Моментално, можам да патувам низ Африканската источна заедница со виза за една од 5те нејзини членки.
Во Мадагаскар, најмалку развиената земја во светот, прецизираа на кинески во француската форма „на кои луѓе им е забрането да работат за време на нивниот престој во Мадагаскар“. Во Замбија, уште една слабо развиена земја работите се многу појасни: „Кина е една од 6те земји за кои визата не е задолжителна на влез“……
要想获得津巴布韦签证,请记住,同朝鲜、缅甸一样,千万不能透露记者身份!专制政权都害怕舆论开放。
Ако барате виза за Зимбабве не заборавајте, слично како и со Северна Кореја и Мјанмар никако не смеете да откриете дека сте новинар! Сите авторитарни режими се плашат од отворена дискусија.
Американските визи предизвикуваат најмногу проблеми. Исто како и на разговор за работа, прво треба да одите до амбасадата на „интервју“ и да ве покажуваат со прст, а во случај да ве одбијат, не ги добивате 100те долари назад! И покрај ова, кога бев на моето интервју во амбасадата, не се помачија ни да ја проверат мојата потврда за имот.
Во далечната 1989, ме одбија за канадска виза. Кој би претпоставил дека ќе одам таму 3 пати? За време на второто влегување имав многу проблеми со визниот контролор кој постојано го листаше мојот пасош и ме прашуваше: Зошто си бил во Иран? Или во земји како Сирија, Зимбабве, Мјанмар или Северна Кореја? Дали контактираше со некои војници таму? Дали ги запозна нивните водачи?
Индија бара повратен билет и банкарска сметка со минимум 10,000 јуани. Дозволено е само едно влегување со максимален рок од 30 дена. Најголемиот проблем е тоа што амбасадата е многу недоверлива – ова најмногу ме нервираше – како на пример, кога одите во амбасадата во одредено време за да си го подигнете пасошот, постојано го добивате истиот одговор, без никакво извинување: „не е готов, дојдете утре“.
Непал е најпријателската земја во однос на кинески граѓани. Визите се бесплатни и се готови за само 2 дена. Нема долг ред за чекање пред амбасадата, одите само да ги пополните формите, а потврда за посед на имот не е потребна..
Иако граѓаните на нашите блиски соседи, Тајван и Хонгконг уживаат во слободен визен третман од страна на земјите во шенгенската зона и останатите европски земји, случајот е различен за кинеските жители и покрај тоа што сме една од 5те земји, постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Кога патував низ 4 земји од Северна Европа, морав да носам потврда за банкарски баланс од над 10,000 јуани, потврда за работно место и годишна плата, мојот работен код од компанијата и покрај другото, гарантно писмо потпишано од мојот легален застапник и повеќе потврди за посед на имот, само за да добијам виза од финската амбасада.
老挝签证费用130元,条件宽松。
Виза за Лаос чини 130 јуани и нема некои посебно строги услови за влез.
同卡塔尔一样,作为中东最大的中转站,阿联酋的迪拜,也不在护照上贴签证。
Во Катар, најголемото патничко средиште во Средниот Исток, визата ја добив рачно во Дубаи, а не залепена на лист во мојот пасош.
伊朗是唯一要求女性入境者提供的照片必须是带头巾的国家,不知海湾其他国家有没有类似强制规定的?
Иран е единствената земја која бара од жените да носат превез на пасошката контрола, освен ако некоја друга земја од Персискиот Залив нема слични, наметнати услови.
叙利亚,又一个以色列的敌国,为此,这本护照没有用完之前,我不敢贸然去以色列大使馆办理签证。
Сирија е уште еден непријател на Израел, па затоа додека мојот пасош не истече, не се осудувам да се обратам во израелската амбасада за виза.
约旦驻华大使馆的工作人员,态度粗鲁无礼,甚至比其他驻华使馆里的一些中方雇员的态度还恶劣。
Вработените во јорданската амбасада во Кина беа навистина дрски, далеку понепријатни од вработените во било која друга амбасада во Кина.
蒙古的签证官居然能够把申请者的年月日写错,害得我发现后第二次找他们纠正。
Монголскиот визен контролор ми го згреши датумот на раѓање во мојата прва виза, па морав да се враќам за да го замолам да го поправи.
Иако Австралија бара имињата на родителите да бидат „прецизно напишани“ во изминативе 20-40 години, а потоа го истражува нивното минато до најмал детаљ, на крајот ми дадоа годишна виза со можност за повеќе посети. Вториот пат кога бев во амбасадата, ме поштедија од овој понижувачки ритуал.
И покрај тоа што Јапонија постојано ги олеснува визните барања, се уште останува само надеж дека еден ден кинеските граѓани ќе можат да одат и да си заминуваат од Јапонија толку лесно, како што можат граѓаните на Тајван и Хонгконг. Не е ни чудно што дури и туристичките агенции се под голем ризик од патници кои бегаат на пола пат по влегувањето, дури и депозит од 10,000 јуани не ја спречува бегалската поплава.
没有与中国建交的不丹,自然不会在护照上留下签证,只是出入境是盖个章而已。
Бутан кој се уште нема воспоставено дипломатски односи со Кина, логично, нема воведено виза за кинески патници, па наместо тоа, добивате само печат во пасошот.
第三次办理尼泊尔的签证,免费时代早已结束。
Со мојата трета виза за Непал, ерата на бесплатни визи беше долго завршена.
孟加拉要求提供邀请函,没办法弄邀请函,只好委托旅行社办理,费用翻番,有的黑心旅行社甚至提高4倍!
Бангладеш бара гарантно писмо со покана, а доколку не можете да го обезбедите, може да го добиете од туристичка агенција, но ќе ве чини многу. Некои туристички водичи се толку злобни, што бараат од вас 4 пати повеќе од оригиналната цена!
Како сите овие случаи се одразуваат на твоето целокупно патувачко искуство?
До сега, веројатно сите знаат дека луѓето лесно може да ги проверат интернационалното место и националната моќ, сликата и репутацијата на една земја, низ процесот на барање на виза. Се надевам дека ќе побрзаат во лансирањето на =пропагандниот филм кој ќе ја „подобри националната слика за Кина“, по што кинеските жолти деца нема и понатаму да бидат третирани како трето-класно ѓубре (се разбира, тие кои имаат пари и моќ, веќе си имаат привилегирано „државјанство“).