Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Јазиците и интернетот.
Ние како човечки суштества имаме способност да комуницираме преку јазици кои се говорат. Сепак, во населен и бучен град како Каиро, понекогаш ни треба повеќе од јазик кој се говори за да комуницираме.
Линдал Ел Масри, емигрант кој што живее во Каиро, забележал дека луѓето кои користат минибус такси, користат одредени сигнали со рацете за да ја кажат локацијата кон која сакаат да одат:
Понекогаш микро и локалните автобуси ми се малу застрашувачки, гласниот и брз арапски, сигналите со раце кои имаат некое значење за одредена дестинацијата.
Овие сигнали со раце овозможуваат возачите да комуницираат полесно меѓу себе, а и оние кои чекаат за минибусите на поголема далечина на бучните улици. Ашраф Хамди, египетски карикатурист, се обидел да ги документира овие сигнали со раце, како и нивното значење, во неговиот блог. Еве слика која ги објаснува различните сигнали со раце:
Всушност, користењето на знаковен јазик е вообичаено кај групите со ограничен слух, каде и да било каде говорот не е практичен или не е дозволен, како помеѓу нуркачите или фудбалерите, како и во телевизиските студија за снимање и берзите. Исто така, јасно е за оние кои зборуваат арапски дека горенаведените сигнали со раце кои се користат на египетските улици се повеќе мимика споредно со лингвистиката на покомлексните знаковни јазици, каде знаците имаат визуелна врска со она што го означуваат.
Употреба на сирените од автомобилите
Друга форма на комуникација, која овој пат го вклучува слухот, е употребата на сирените од автомобилите. Др_Елсиуфи напиша напис [арапски] на еден онлај форум за овие форми на комуникација. Тој вели:
Тој потоа продолжува да го објаснува секој дел од автомобилот и нивното значење.
الكلاكــــــــــس :
ضغطتان متتاليتان بالكلاكس كل واحدة منفصلة معناها شكرا
.علي الصحراوي لو فاديت ترلة وكلكستلوا معني كدة انك بتحييه وهو لو عنده دم او صاحي مش نايم هيكلكسلك.
ضغطتان بالكلاكس كل واحدة منفصلة عن الأخري، وتتبعهما ضغطة طويلة تعني في لغة السيارات الجديدة بحبك.
استخدام الكلاكسات بطريقة ثلاث ضغطات متتالية يتتبعها ضغطة طويلة تعني «الشتيمة» تاتاتا تااااااته.
المساحات الخلفيه :
لو بتشد مع واحد و عديته تشغل المساحه الخلفيه , معناها باي باي
Сирена:
Две последователни, одвоени свирења значат благодарам.
Кога поминувате камион на автопат, свирите за да го поздравите и тој треба да ви врати ако не заспал.
Две последователни и одвоени свирења, следени со едно долго свирење во новиот „автомобилски јазик“ значат „те сакам“.
Три последователни и одвоени свирења, следени со едно долго свирење означуваат пцовка, бип бип бип би бип биииип [Кучкин син]
Бришачи:
Кога се тркате со некого и кога ќе го поминете, употребете ги бришачите за да му мавнете чао!
Мислев дека свирењето со цел комуницирање е египетска работа, сè додека не прочитав за студентите од Одделот за когнитивни науки од Сан Диего кои напишале за постоењето на овој феномен и во Индија на нивниот блог, каде се прашуваат дали има некои истражувања за ова.
При едно мое скорешно патување во Индија забележав многу либерално користење на сирената од страна на мојот возач, како и од останатите на патот. За разлика од САД, сирената не се користеше за изразување на лутина или фрустрации, туку како форма на комуникација. Се чини како добра можност студирањето на лингвистиката на овој јазик базиран на звуци. Некое мислење за тоа какво истражување би требало да се направи? За што уште може нè информира едно истражување за користењето на автомобилската сирена во однос на човечкото спознавање? Кажете ни во коментарите.
Гари Ран, исто така, ја спореди културата на свирење со сирена помеѓу САД, Италија и Индија. Граѓаните од Јамајка, исто така, имаат свој јазик со свирење со сирени кој си има свој вокабулар. Таквата форма на комуникација може да биде поврзана со сигналите со чад и барабани кои биле употребувани од нашите предци илјадници години наназад. И бидејќи користиме автомобилски сирени за комуникација, нели е возможно да тие треба да ја одразуваат и личноста на возачите? БиБиСи објави напис за истражување во кое се тврди дека звукот на сирената е уште еден значаен фактор кој влијае при купувањето на автомобил.
Професорот Ван Ливен, експерт по семиотика на звуци при универзитетскиот Центар за јазици и комуникација, рекол дека производителите обрнувале поголемо внимание на звукот на сирената кој можел да биде значаен фактор за потенцијалните купувачи на коли. Тој објаснува дека повеќе производители на коли го прилагодувале звукот на сирената на „личноста“ на колата.
За крај, нели е интересно дека без разлика на тоа колку се развиени средствата за комуникација што ги имаме денес, понекогаш се навраќаме на старите форми на комуникација? Следната СМС порака испратена помеѓу двајца љубовници [арапски] го резимира фактот дека дури и кога имаме телефони во нашите раце, можеме понекогаш да одлучиме да го користиме стариот начин поради економски причини.
Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Јазиците и интернетот.