Гватемала: Домородните и руралните заедници маршираат за одбрана на нивното земјиште

Овој пост е дел од нашата специјална репортажa Правата на домородното население.

Илјадници домородци од Гватемала и campesinos (селани) учествуваа во деветдневен марш за зачувување на нивното земјиште, за протестирање против принудната релокација и за да се привлече внимание на другите проблеми од кои се погодени руралните заедници. Културно преживување објаснува:

Организирано од Comite de Unidad Campesino, (CUC) [Комитет за Campesino единство] маршот го бара вниманието на државатa Гватемала, како и на локалните, националните и интернационалните медиуми за проблемите со кои се соочуваат руралните домородци и мнозинството селани во земјата.

Извештајот продолжува:

Водачите на движењето дадоа изјава за медиумите, „Декларација на Маршот за отпор и достоинство, за одбрана на земјата и територијата“ во која ги наведоа следните барања- повторување на жалбите на домородното население и селаните во Гватемала:

Фотографот и блогер Џејмс Родригез издаде фото есеј за пристигнувањето на демонстрантите во градот Гватемала на 26 март, 2012:

Después de 9 días y 212 kilómetros, la Marcha Indígena, Campesina y Popular por la defensa de la Madre Tierra, contra los desalojos, la criminalización y por el Desarrollo Rural Integral, llegó al centro de la Ciudad Capital. Según miembros del Comité de Unidad Campesina (CUC), se estima que alrededor de 15,000 personas participaron en esta novena y última jornada.

По 9 дена и 212 километри, Маршот на домородците и Campesino во одбрана на мајката Земја, против иселувањата, криминализацијата, а за интегриран рурален развој, пристигна во центарот на главниот град. Според членовите на Комитетот за Campesino единство (CUC), проценето е дека околу 15,000 луѓе учествувале во деветтиот и последен ден од маршот.

Ова се некои од фотографиите на Џејмс, прикажани со негова дозвола:

"Не на експлоатацијата на природните ресурси.Не на откопувањето"

Посетете го блогот на Џејмс Мојот Свет за да погледнете повеќе фотографии од маршот во Гватемала.

Овој пост е дел од нашата специјална репортажa Правата на домородното население.

Exit mobile version